ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Мерките даваат резултати, виталните функции на државата се обезбедени

November 14, 2022 12:53
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во време на глобалната економско-енергетска криза, со сериозни предизвици во обезбедувањето струја и храна во нашите држави, соработката е од големо значење, рече премиерот Димитар Ковачевски на маѓувладината седница со Албанија. Во присуство на албанскиот колега Еди Рама, Ковачевски кажа дека во земјава досега обезбедуваме струја за домаќинствата и малите потрошувачи од домашно производство.

Енергетските капацитети го зголемија производството, и работат со полна пареа. ЕСМ не само што зголеми за 25% производство, туку и ги натфрли плановите. Затоа е и можно да обезбедиме 80% субвенционирана струја за сите домаќинства во државата и за над 72 илјади компании, мали потрошувачи коишто вработуваат најголем дел од работниците во земјава. Со добро планирање и навремени потези, обезбедивме повластени цени за струја за основните и средни училишта, како и за јавните претпријатија од областа на водоснабдувањето и одведувањето отпадни води. Виталните функции на државата се обезбедени, рече Ковачевски.

Тој додаде дека е обезбедена поевтина струја и за прехранбените компании, по што се очекува цените на финалните производи да се намалат за најмалку 10%.

Државата го презеде и работењето на топланите, и ќе обезбеди сигурна, стабилна и континуирана испорака и на топлинска енергија. Во тек се и повеќе големи инвестиции во енергетиката, што на среден и долг рок ќе овозможат одржливост во енергетскиот сектор – нешто што за прв пат се прави преку стратешки пристап. Енергетската трансформација ние ја започнавме. Со добро поставена визија, инвестираме во индустриите на иднината кои покрај тоа што ќе ни обезбедат енергетска независност, ќе ни отворат и можност за повеќе и подобро платени работни места за граѓаните. Оваа криза и е и можност, за развој, за иновација, можност да ја претвориме земјата, во хаб на зелена енергија која понатаму, со добар план и стратегија може да го снабдува и регионот но и континентот со енергија добиена од топлото македонско сонце, истакна премиерот.

Според Ковачевски и покрај овие амбициозни цели кои се поставени за енергетска трансформација, досега, активно и навремено Владата се справува и со економската криза преку пакетите антикризни мерки во вредност од над 760 милиони евра за поддршка на граѓаните и ликвидноста на компаниите.

Воедно, со интервентниот фонд од 4 милиони евра го помогнавме производството на стратешки земјоделски култури, а воведовме и нов модел на субвенционирање, со којшто една од примарните цели е стимулирање домашно производство на храна. Сите овие мерки и активности кои ги преземаме ги даваат планираните резултати, но уште повеќе, ни даваат надеж дека до година ќе биде подобро. А овие напори, беа препознаени и неодамна, претседателката на Европската комисија, Фон дер Лaјен овде во Скопје соопшти дека ЕУ доделува износ од 80 милиони евра во прва транша, којшто ќе биде искористен за буџетска поддршка. Европа покажува солидарност со државите од Западен Балкан, што е добро и добредојдено, нагласи Ковачевски.

 

 

Next Post

Дизелот певтинува за 2,5, а бензините за половина денар

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп: Изборните порази на републиканците се должат на парализата на буџетот и фактот дека моето име не беше на гласачкото ливче

November 5, 2025
Скриншот

Карго-авион на „ЈупиЕс“ се урна во Кентаки, најмалку седум жртви

November 5, 2025
Генерирано со ВИ

Кина суспендира дел од дополнителните царини за американскиот увоз за една година

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk