ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Јавете му на Путин да му каже на Апасиев да му се јави на Мицкоски

November 15, 2022 11:07
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Левица и ВМРО-ДПМНЕ се двата спротивни пола на една иста магнетна сила којашто е против европскиот пат на земјата и против членството на Северна Македонија во НАТО како најмоќен безбедносен сојуз којшто ја заштити земјата од влијанијата од исток.

Овие влијанија имаа(т) за цел земјата на геостратешкиот крстопат меѓу Европа и Азија да ја претворат во зона на постојана криза за да го раслабнат нејзиниот демократски капацитет и да предизвикаат сомнеж во нејзините стратешки определби.

Вака спакувани овие закани се во суштината на пораката од говорот во Гевгелија каде што Димитар Ковачевски настапи како претседател на СДСМ на граѓанската трибина како дел од нивната кампања „Силно и одлучно кон иднината“, кога рече дека „Апасиев и Левица се најголемата закана за европскиот пат на земјата, а Мицкоски е заложник на Апасиев“.

Кога станува збор за Левица и за Апасиев воопшто не е тешко да се види нивната про-руска и анти-ЕУ и анти-НАТО позиција.

Во екот на руската воена агресија врз суверена Украина, кога целиот свет воведе политички санкции кон Русија, во Собранието на Северна Македонија пратениците на Левица Димитар Апасиев и Борислав Крмов остварија „деведесетминутна“ средба со рускиот амбасадор во нашата земја Сергеј Баздникин, којашто поминала во „срдечна и пријателска атмосфера“.

Во соопштението на Левица за оваа средба, партијата го комуницира терминот „специјална воена операција во Украина“, како официјален термин за војната на Кремљ. Акцент бил ставен „на процесот на денацификација и елиминирање на заканите од екстремно-десничарските и радикалните неонацистички политички движења, кои се опсаност за секоја современа демократија“ што е исто така речник на Москва.

Три месеци подоцна Левица, овој пат заедно со ВМРО-ДПМНЕ, ги организираа протестите против „францускиот предлог“ за кои Апасиев рече дека треба да се радикализираат со протести, блокади и други методи. Беше многу јасно дека протестите беа организирани за да се спречи отворањето на преговорите со ЕУ со максимална злоупотреба и спинови дека мотивацијата за нив е заштитата на македонскиот јазик и идениитет.

Многу бргу протестите навистина добија елементи на насилство што беше индиција дека Левица ја презеде иницијативата, односно “ги киднапираше“ протестите, како што оценија аналитичарите и дека оваа партија, наспроти името, се однесува како десна радикална партија која, наместо на социјални, започна да прибира поени на основа на национални прашања во која главни поддржувачи се разочарани членови на ВМРО – ДПМНЕ.

Овој тактички маневар на Левица создаде слика во јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски станаа жртви на политичките „итроштините“ на Апасиев, што секако не е никакво опправдување за неодговорното однесување на Мицкоски како лидер на најголемата опозициска партија којашто во овие клучни историски моменти делуваше како маргинална радикална политичка структура.

Ова наивно однесување кон процесите и реалноста кои се во тек во Северна Македонија, како и кон околностите на глобален светски политички план, се далеку од еден државнички и одговорен став со соопстевмото учество во нив.

За жал, ваквото однесување на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ не е единствено. Ќе остане запаметена фотографијата од Собранието од 5 ноември 2021 година, кога Мицкоски го објави божемното ново парламентарно мнозинство со партиите на Албанците во опозицијата и со Левица.

Неверојатно наивно и денес делува неговиот запис под фотографијата дека „новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж“.

„Новата иднина“ на „новото парламентарно мнозинство“ не потраја ниту еден ден кога стана јасно дека е составено од непомирливи политички субјекти, меѓу кои седи Апасиев како суштинска и непомирлива спротивност на темелните вредности на кои е изградена оваа земја како што се ЕУ, НАТО и Охридскиот договор.

На оваа епизода „со тажен крај“ од теленовелата „ново парламенарно мнозинство“ и се лепи и серијата „предвремени избори наречени желба“ која повторно раскажува за големата неостварена „љубов“ на Мицкоски кон Апасиев, во која драмата ја прави никој друг туку – Стојанче Ангелов.

Еве како изгледа таа сцена раскажана со зборовите на Мицкоски: „Го побарав, да се видиме, каде сака… кафе да испиеме. Ми рече дека не може, зафатен е со подготвување амандмани… Другиот ден го видов како пие кафе со Стојанче Ангелов. За мене немаше време… Еве до ден денес чекам, ми рече ќе те побарам, од тогаш помина месец и пол, ме нема побарано. Еве, повторно го реактивирам моето барање, ајде да седнеме сите да се договориме… За доброто на Македонија зборувам…“

Нам не ни останува ништо друго освен да го чекема секое следно продолжение од тв „сапуницата„ „Мицкоски заложник на Апасиев“, а, еве, искуството и минатото не учат дека ќе ги има уште многу.

Единствено ми е страв до тогаш да не се случи некој да му се јави на Путин за да му каже на Апасиев да му са јави на Мицкоски, па да ни ја расипе забавата. Или… кој знае… можеби драмата ќе добие нова динамика. Особено со Стојанче Ангелов како расипувач на забави.

Извор: ЦивилМедиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

May 9, 2025

(ВИДЕО) Пукање во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, едно лице повредено

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Кој е Роберт Превост, новиот папа?

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk