ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Анализа на „Конрад Аденауер“: Македонските граѓани сега гледаат непријател во Русија

November 16, 2022 14:24
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Москва, Русија. Фото:: Andrey Rudakov/Bloomberg

Москва, Русија. Фото:: Andrey Rudakov/Bloomberg

Share on FacebookShare on Twitter

За само една година значајно се зголемил негативниот став на македонските граѓани кон Русија, која од групата на пријателски земји се пресели во „најголеми непријатели“, веднаш зад Бугарија. Ова го покажа испитувањето на јавното мислење и анализата насловена: „30 години независност (Анализа и истражување на јавното мислење)“, од авторите Александар Спасеновски, Васко Наумовски и Јован Андоновски, а во издание на Институт за општествени истражувања „МК91“ и Фондација „Конрад Аденауер“, пишува „Вистиномер“.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

На прашањето „Според вас, која држава е најголем непријател на Северна Македонија?“, 44 отсто одговориле дека е тоа Бугарија, 29,3 отсто на поставеното прашање одговориле дека не знаат, по што следи 12,1 отсто испитаници, кои сметаат дека Русија е наш најголем непријател. Овие две земји (Русија и Бугарија) според испитаниците, имаат лоши билатерални односи со нашата држава, односно 59.3 отсто оценуваат дека се лоши односите на Русија кон нашата држава и 52.5 отсто ја даваат таа оценка за  Бугарија.

Извор:„30 години независност  (Aнализа и истражување на јавното мислење)“

Професор Александар Спасеновски, кој е еден од авторите на оваа Анализа, во изјавата за „Вистиномер“ забележува дека токму ставовите за Русија драстично се промениле за само една година.

Во истражувањето на јавното мислење од 2021 година кое се однесуваше на трите децении од воспоставувањето на независноста на Република Македонија беше испитувано мислењето на граѓаните за карактерот на билатералните односи на нашата држава со Бугарија и Русија. Тогаш како лоши билатералните односи на нашата држава со Русија ги оцениле 17.3 отсто, а со Бугарија 59.8 отсто од испитаниците. Споменатото значи дека за разлика од 2021, во 2022 година негативниот одиум на граѓаните кон Бугарија е скоро непроменет, а кон Русија е видливо влошен, објаснува професор Спасеновски.

Тој смета дека расположението на македонските граѓани кон Русија може да се доведе во корелација со руската агресија врз Украина, што е видливо и од прашањето во претпоследниот дел од оваа анализа.

Имено, 50.4 отсто од испитаниците сметаат дека руската агресија врз Украина е неоправдана и неприфатлива, додека 26.2 отсто сметаат дека истата е оправдана и прифатлива, што упатува на заклучокот дека испитаниците имаат приближно сличен став во однос на оваа тема како и граѓаните на другите држави членки на ЕУ и на НАТО. Македонските граѓани со тоа, покажуваат дека живеат и ја делат судбината на останатите земји членки на Алијансата, анализира Спасеновски.

Испитувањето на јавното мислење спроведено на крајот од август 2022 година на 1.111 испитаници во телефонска анкета, покажува дека Србија се перципира како најголем сојузник на Северна Македонија, што е одговор на 37,4 отсто од учесниците во анкетата,  по што следат САД, Турција и Германија.

Next Post

Андонов: За да имаме утре, треба да штедиме струја денес

Најново

Нов прирачник на „ЕУ за општините“: Како локалните власти поефективно да комуницираат со граѓаните за данокот на имот

April 26, 2026

Герасимовски: Во понеделник со музика и сеќавања го чествуваме роденденот на големиот Горан Стефановски

April 26, 2026

Груевски подготвува ново бегство – Мицкоски сè уште не испратил ниту еден документ за екстрадиција, велат од СДСМ

April 26, 2026

Николоски: Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември

April 26, 2026
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

(ВИДЕО) Пукање на новинарската вечера во Белата куќа, Трамп не e повреден

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk