ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Европа е наш дом“ е сеопфатен проект на ЦИВИЛ за поддршка на интеграциите и промоција на европските вредности

Проектот ќе опфати изборен мониторинг и учество во изборните реформи, како и мониторинг на најважните настани и процеси во земјата. Како што се вели и во самиот назив на проектот, една од главните определби на проектот е да се придонесе кон процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европска Унија. Понатаму, ЦИВИЛ ќе даде свој придонес и кон политичкиот дијалог, ќе покрене или ќе поддржи легислативни и граѓански иницијативи. Со овој проект се промовираат европските вредности, човековите права и слободи.

February 1, 2020 15:47
in ОПШТЕСТВО, ДЕНЕС
амбасадорот Томас Герберих, од архива на ЦИВИЛ

амбасадорот Томас Герберих, од архива на ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

„Европа е наш дом“ е проект на ЦИВИЛ што започнува денеска и ќе трае 12 месеци, до 31 јануари 2021 година. Во овој проект, составен од низа комплементарни компоненти, ЦИВИЛ ќе спроведува мониторинг, застапување и јакнење на јавната свест во повеќе области.

Проектот ќе опфати изборен мониторинг и учество во изборните реформи, како и мониторинг на најважните настани и процеси во земјата. Како што се вели и во самиот назив на проектот, една од главните определби на проектот е да се придонесе кон процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европска Унија. Понатаму, ЦИВИЛ ќе даде свој придонес и кон политичкиот дијалог, ќе покрене или ќе поддржи легислативни и граѓански иницијативи. Со овој проект се промовираат европските вредности, човековите права и слободи.

На различни начини, предвидени со проектната методологија, ЦИВИЛ ќе даде силен и видлив придонес и кон борбата против корупцијата, преку јакнење на јавната свест и соработката со релевантните институции во земјата.

Важна компонента на овој проект е и борбата против хибридните напади врз демократијата. ЦИВИЛ со години е една од водечките организации кои даваат свој придонес кон борбата против лажните вести, дезинформациите, говорот на омразата и другите облици на хибридни напади врз демократијата. Со овој проект, таа борба значително ќе се засили.

Оваа е комплексен и сеопфатен проект што ќе даде конкретен и видлив придонес кон напорите за одржливи реформи и општествена трансформација. Демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права се главните определби на организацијата, а овој проект е од стратешко значење тие определби и да се преточат во конкретни резултати.

Статистичките податоци за проектот „Европа е наш дом“ се вртоглави. Низ четири комплексни компоненти (проектни линии), ќе се спроведат 19 различни проектни сегменти, со 10 различни категории на проектни резултати. Во нив спаѓаат различни видови на директна комуникација со граѓанките и граѓаните, вклучувајќи и одржување на 140 средби со граѓанките и граѓаните низ целата земја, 3 големи национални конференции и 6 панел дискусии на најважните теми во земјата, 29 прес конференции, 40 брифинзи, 18 средби со претставници на владата, политичките партии и невладините организации и 15 средби со луѓето кои учествуваат во креирањето на јавното мислење на локално и национално ниво.

И тоа не е сѐ. Проектот „Европа е наш дом“ предвидува динамична и извонредно видлива и влијателна медиумска продукција на информации, анализи, колумни, извештаи, интервјуа и анкети на македонски, албански и англиски јазик на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

Проектот го финансира Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Договорот го потпишаа Амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Томас Герберих, и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

Next Post

Европските вредности - Македонска реалност

Shortcut

Најново

Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk