ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Владата ќе направи се што може за да ги доврши сите големи проекти кои се почнати во Град Скопје

November 21, 2022 12:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Владата во рамките на своите надлежности ќе направи се што може за да ги доврши сите големи проекти кои се почнати во Скопје кои им се потребни на скопјани меѓутоа и на сите други градови. Работам со владиниот тим за да се согледаат можностите да преземеме дел од проектите во Град Скопје и да ги направиме заради скопјани а не заради политика, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

-Обврска на оваа Влада предводена од Социјалдемократски сојуз, како политичка партија која се грижи и која има вредности во својот фундамент за грижа за сите граѓани, е дека мора да помогне на сите граѓани во рамките на капацитетите и можностите кои ги има. Во тој дух беше и посетата на Градот Скопје на министерот за локална самоуправа и на министерката за култура. Мислам дека сме пред договор за преземање на ингеренциите за Универзална сала за да може тој објект да биде завршен и даден на користење на граѓаните на Скопје, рече Ковачевски по отворањето на ЈОУДГ „Мило мое“ во општина Чучер Сандево во одговор на прашањето дали Владата ќе ги преземе ингеренциите во јавниот градски превоз во Скопје по хаосот што настана денеска.

Нагласи дека пред само една година претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одеше по градот и кажуваше дека Скопје ќе ја добие најдобрата мајка и ќе стане најдобриот и најмодерен град во светот. Потоа, како што кажа, на прес-конференција кажа дека ќе обезбеди бесплатен јавен превоз за граѓаните на Скопје и дека ќе купел нови електрични автобуси и дека ќе се изградела фабрика за електрични автобуси.

-Од тоа не само што нема ништо, туку и превозот којшто го имаше во Скопје го нема, посочи Ковачевски.

Постојат, додаде, и други проекти што требаше да се реализираат, а не се реализирани како пречистителната станица за Градот Скопје, огромен проект кој практично беше камен на сопнување за она што се случи во градот, бидејќи очигледно се обвинуваа за поделба на провизии помеѓу себе членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Потоа имаме брз автобуски превоз во Градот Скопје кој е одобрен проект со финансирање од меѓународни финансиски институции и кој едноставно не се реализира, клучката на Момин поток – огромен проект кој е во застој, патот до Визбегово исклучително важна сообраќајница што треба да ја поврзи индустриската зона Визбегово, но и Чучер Сандево, подвозниот под зградите на Лимак  кој е скоро готов, а обврска на Градот Скопје е да ги направи кружните текови кај Нова Македонија – ни милиметар од тоа не е направено, прецизира Ковачевски

Next Post

Бајден по пукотницата во Колорадо: Не смееме да толерираме омраза

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

November 5, 2025
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk