ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО ДПМНЕ ги постави стандардите за високи плати и овозможи да се намножат „паразити“ во нивните редови

November 21, 2022 14:09
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

Share on FacebookShare on Twitter

Додека ВМРО-ДПМНЕ по кој знае кој пат се обидува да креира наводен скандал и со низа прес-конференции да креира конфузија и блокади во општеството, на виделина излегуваат се повеќе сегашни и поранешни функционери и членови на нивните семејства како биле вработени во државни агенции и институции со шестцифрени месечни плати.

На социјалните медиуми се појавија информации дека за време на 11 годишниот режим сопругите на Кирил Божиновски и Миле Јанакиевски биле вработени во АЕК со плати од над 120.000 денари. Тоа е годишна плата од над два милиони и 800 илјади денари за сопругите на едни од најблиските соработници на Груевски за време на режимот.

Сопругата пак на Никола Груевски била вработена во М-НАВ, каде што инкасирала преку 100.000 денари месечно, или околу 1.200.000 денари годишно.

Помеѓу „паразитите“ во тогаш владејачката ВМРО-ДПМНЕ е и актулениот лидер на партијата, Христијан Мицкоски, кој додека минималната плата во државата беше само осум илјади денари, тој земал по 100.000 денари плати. Покрај тоа што земал хонорари и плата од АД ЕСМ Мицкоски добивал надоместок и после неговото разрешување, на име разлика во плата од АД ЕСМ добивал месечно 60.444,00 денари.

Ивица Томовски, кој скојдневно држи прес-конференции во ВМРО-ДПМНЕ како управител на ЕЛЕМ Турс  само од плати добил над два милиони денари или над 30.000 евра народни пари.

Но освен ова, двоецот Мицкоски-Томовски испумпувале пари од граѓаните во нивните џебови и на друг начин. Томовски пред да биде избран од Мицкоски за управител на ЕЛЕМ Турс добивал тендери токму од ЕЛЕМ за чистење на деловните простории преку приватна фирма Сити логистик. Томовски на тој договор вреден над 2,6 милиони денари или над 42.000 евра е потпишан како управител на фирмата Сити Логистик. Од другата страна, потписник е тогашниот директор на АД ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски.

Сега ВМРО-ДПМНЕ се обидува да обвини за делење на високи плати во агенциите и институциите, а токму тие се тие кои го поставија тој стандард во време кога 11 години имаа апсолутна власт во државата. Кога ќе се види дека овие позиции служеле за нивните најблиски, станува јасно и зошто се давале толку високи плати и надоместоци.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, кои како власт мислеа само на себе и своите џебови, минималната плата сега, кога Владата е предводена од СДСМ, достигна 18 илјади денари или двојно повеќе од нивото на кое што беше до 2017 година. Се воведе механизам за постојан раст на пензиите и ниту еден од граѓаните на земјата не остана заборавен за време на економската и енергетската криза.

Само во изминатите 10 месеци со цел ублажување на ефектите од кризата, Владата подготви и реализираше антикризни мерки во висина од над 760 милиони евра, најголем пакет мерки во регионот, потврден и од Светска банка.

Д.Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕминимална платарежимХристијан Мицкоски

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk