Објавата на социјалните мрежи за најновиот пропаганден спот од ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски како ударна поента ја почнува со реченицата „Македонија е уморна од состаноци на политичари во вратоврски на коишто не се носат никакви одлуки туку само се парадира“.
Во тој спот што трае 2 минути и 45 секунди, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во сите кадри каде што се појавува, а се појавува во повеќе од 10, носи, имено, вратоврска.
Снимки од екран на дел од кадрите во пропагандниот спот каде што Христијан Мицкоски е со вратоврска
Добро си поиграле од ПР машинеријата на ВМРО-ДПМНЕ со нивниот лидер.
Сиктер Мицкоски! На Македонија, навистина не и се потребни политичари парадери со вратоврски.
Ј. Ѓорѓиоски