ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Маричиќ: Имаме добра основа на подготвеност, важно е да ја одржиме динамиката на процесот на преговори

November 22, 2022 15:43
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија има добра основа и добра подготвеност, но сега мора да покажеме континуитет во реализацијата на критериумите за членство во ЕУ, изјави денеска во Брисел вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на вториот состанок од билатералниот скрининг за Поглавјето 24 – „Правда, слобода и безбедност“.

– Ова поглавје е основа за демократскиот развој на македонското општество од кое ќе зависи динамиката на целиот преговарачки процес. Се работи за обемни и комплекси теми што ќе бараат повеќе напор и поголема заложба за усогласување со европското законодавство и имплементација, за час поскоро да бидеме дел од европскиот безбедносен систем, посочи Маричиќ.

Тој информира дека денеска биле презентациите за азил визи и миграции.

– Она што можеме да го кажеме и да изразиме задоволство е дека и од Европската комисија и од нашиот тим е констатирано дека има висок степен на усогласеност во оваа област. Сите оние постапки што со години ги правиме и особено по визната либерализација влијаат на тоа да сме високо усогласени со правото на Европската Унија во оваа област, рече тој.

Маричиќ потсети дека вчера било дискутирано и за прашањата на борба против организиран криминал и корупција и целиот систем на борба против организиран криминал и корупција, и таму ги презентирале нашите достигнувања, но исто така и разговарале за она што допрва следува и оти имаме многу работа во сите области.

– Имаме многу направено, но имаме уште повеќе пред нас за да работиме. Тоа само нè мотивира, заедно со сите делови на општеството, да ги впрегнеме заедничките сили и што побрзо да ги исполниме условите коишто ќе ни ги постават по овој скрининг за да имаме успешен, краток и брз процес на пристапување во Европската Унија, рече тој.

На денешниот скрининг состанок, македонскиот преговарачки тим ја презентира усогласеноста со ЕУ стандардите и активностите се преземаат во областите – азил, миграција и визната политика на ЕУ.

Македонскиот тим утре продолжува со презентирање на сите преземени активности и нивно спроведување во ова поглавје, што е поделено на 12 подобласти: азил, миграција, визи, надворешни граници и правото на Шенген, борба против организираниот криминал, соработка во областа на дроги, борба против трговија со луѓе, борба против тероризам и радикализам, судска соработка и размена на информации, судска соработка во кривичната материја, полициска соработка и царинска соработка.

Tags: безбедностБојан МаричиќЕвропска УнијаПоглавје 24правдаслобода
Next Post

Москва сè позагрижена, Украина би можела да започне офанзива на Крим

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk