ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Лавров и непостоечкиот транспарент за добредојде на руската делегација на самитот на Г20 во Бали

Имаше ли карта на Русија со окупираните територии на Украина на аеродромот во Бали? Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров го напушти Бали на првиот ден од самитот. Учесниците на самитот или ја осудија Русија или , во најмала рака, не сакаа ниту да ја споменат.

November 25, 2022 13:52
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Дали е вистина дека руската делегација беше добредојдена на самитот на Г20 што се одржа во Бали, Индонезија на 15-16 ноември, на кој беше пречекана со транспарент на кој се прикажани окупираните територии на Украина како дел од Русија?

Според истражувањето на Андриј Оленин кое го објави Укринформ, тоа не е вистина. Тоа е лажна вест која се прошири од руските федерални канали, онлајн медиуми и Телеграм канали поврзани со нив.

Во вестите на пропагандистите се наведува дека Индонезија, домаќинот на самитот, на тој начин ја поддржува Русија.

Главниот доказ беше само фотографијата на банерот на кој е прикажана картата на Русија со окупираните територии на регионите Донецк, Луганск, Запорижја, Херсон, како и Автономната Република Крим.

Како што изјави за Укринформ вонредниот и ополномоштен амбасадор на Украина во Република Индонезија, Васил Хамианин, никој не може да го потврди постоењето на овој транспарент во Индонезија и на островот Бали.

„Никој на Бали не може да го потврди постоењето на овој транспарент. Изворот од кој дојде оваа информација е многу веродостоен“, ова е одговорот на амбасадорот во Министерството за надворешни работи на Индонезија.

Амбасадорот додаде дека во разговор со претставници на локалните власти бил информиран дека се работи за лажна вест. Истото го велат и почесниот конзул на Украина во Индонезија и претставници на локалната дијаспора.

Васил Хамианин, исто така, ги отфрли тврдењата на руската пропаганда дека Индонезија ги поддржува територијалните навлегувања на Русија врз украинскиот суверенитет. Ставот на актуелните индонезиски власти за обидот за анексија на украински територии, вклучувајќи го и полуостровот Крим, тој го окарактеризира вака:

„Ставот е негативен! Индонезија го поддржува територијалниот интегритет на Украина“.

За потсетување, министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров го напушти Бали на првиот ден од самитот. Учесниците на самитот или ја осудија Русија или , во најмала рака, не сакаа ниту да ја споменат.

Извор: Цивил Медиа

Tags: Војна во Украиналажни вестируска пропагандаСергеј Лавров
Next Post

Ковачевски – Филипиду: Продолжуваме со јакнењето на пријателските и партнерски односи помеѓу Северна Македонија и Грција

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk