ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Грковска: Неопходно е да обезбедиме поголема транспарентност и одговорност кај носителите на одлуки

November 28, 2022 16:13
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Зачленувањето во Европската Унија е стратешка цел за Република Северна Македонија и затоа наша клучна определба е да изградиме систем кој ќе се темели на вредностите на кои се темели Европската Унија, а тоа се почитување на човековите права, демократија, владеење на правото, како и функционална пазарна економија, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во своето обраќање на 16. Комитет за демократија управување, на Советот на Европа во Стразбур.„Зголемување на довербата на граѓаните во институциите, но исто така и реформа на јавната администрација се дел од приоритетите на кои Владата на Република Северна Македонија се фокусира. Владата посветено работи на унапредување на транспранетноста на институциите, за што веќе има и видливи резултати. Сепак, неопходно е, во наредниот период да се фокусираме на транспарентноста во процесот на носење одлуки, имплементацијата на политиките како и одговорноста на носителите на одлуки, колективна и индивидуална“, оцени вицепремиерката Грковска.

Таа се осврна и на процесот на реформа на јавната администрација која треба да биде професионална, одговорна и ефикасна во испорачувањето на услуги до граѓаните. Во таа насока, додаде Грковска, неопходно е доследно имплементирање на принципите за добро владеење, како што се одговорноста, отчетноста, транспарентноста, професионалноста и ефикасноста на јавната администрација.

„Имплементацијата на овие принципи во основа значи целосна реформа на јавната администрација, процес кој не може да се постигне преку ноќ и кој бара стратешки и долгорочен пристап. И што е најважно, неопходно е да се постигне консензус во општеството за потребата од оваа реформа“, додаде Грковска.

Таа, пред Комитетот за демократија и управување, ја претстави иницијативата на која работи нејзиниот Кабинет, а тоа е во Република Северна Македонија, во соработка со Советот на Европа да се формира Центар за добро владеење. Овој Центар би бил сличен на Центарот за експертиза на Советот на Европа, кој им помага на земјите членки на Европската Унија да ги имплементираат принципите на добро владеење на сите владини нивоа и да ги промовираат европските стандарди и добри практики на сите нивоа.

На 16. Комитет за демократија и управување на Советот на Европа, се обратија и претставници од Украина, Малта, Грузија и Ерменија.

Tags: ГрковскаЕвропска УнијаСоветот на ЕвропаСтразбур
Next Post

Ќе ја „заматат“ ли Apple и Google иднината на Твитер, на повидок Твитер телефон?

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk