Пред црногорското Собрание во Подгорица вечерва се одржа третиот по ред голем протест против власта. Организаторите на собирот бараат повлекување на измените на Законот за претседател, деблокирање на Уставниот суд, како и итни вонредни парламентарни избори.
И овој протест се одржува под слоганот „Не има нас“, а освен собир пред Собранието, вклучува и прошетка на демонстрантите низ центарот на градот.
На минатонеделните протести се собраа, според црногорските медиуми, повеќе од 20.000 луѓе, а и вечерва има илјадници луѓе низ улиците на главниот град на Црна Гора.
Da je vječna Crna Gora! pic.twitter.com/Ch2AYT03OI
— Predrag Bošković (@pedjabosskovic) November 28, 2022
Освен граѓаните, присутни се и зајакнати полициски сили.
Како и на претходните собири, граѓаните пристигнаа речиси од сите делови на Црна Гора, а на вечерашните протести беа истакнати транспаренти со натписи „Тука сме, за Црна Гора, за ЕУ“ и „Не те даваме Црна Горо“.
?????? pic.twitter.com/4c1bEpl3la
— Margaux (@odbjeglamlada) November 28, 2022
Граѓанскиот активист Предраг Вушуровиќ изјави дека досега 35.000 луѓе ја потпишале петицијата за повлекување на Законот за претседател.
Никогаш Црна Гора за која сонува Вучиќ. Црна Гора се разбуди, истакна Вушуровиќ и додаде дека сакаат стабилна Црна Гора, а не „спектакл на Дритан“.