ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Штрајкот на приватните превозници во мирување, доаѓа германскиот претседател

November 28, 2022 22:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Приватните автобуски превозници утре нема да ја блокираат крстосницата кај ТЦ „Мавровка“,
изјави директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, во изјава за МИА, откако претходно
најави дека вечерва координативното тело ќе одлучува дали ќе се продолжи со протестите во
истата форма, со блокирање на раскрсницата, или истите ќе се прошират на повеќе локации низ
градот.

Како што вели Јовановски, „премислувањето“ се должи на информацијата од МВР дека утре
доаѓа висока делегација од Германија предводена од претседателот на земјата.

„Со оглед на тоа, ги замолив превозниците да покажат со гест дека не сакаат да го нарушат
угледот на државата и да не ги отежнат безбедносните протоколи, да се повлечат од блокадите
во период на присуство на делегацијата односно до четврток, а доколку до тогаш не се постигне
некаков договор со Градот Скопје и ЈСП, на улица ќе излезат повторно во петок“, објасни
Јовановски, потенцирајќи дека во тој случај ќе се блокира со сите 200 автобуси и градот
ќе биде блокиран на повеќе сообраќајници сѐ до конечно решавање на проблемот.

„Иако правото на протест не беше спорно дури и во вакви околности, сепак покажавме свест и
одговорен однос кон она што е државен интерес. Борбата продолжува и таа никогаш не може да
е лесна, ама ќе победиме, најмногу од сè заради тоа што правдата е на наша страна и заради
тоа што сме единствени“, подвлече Јовановски.

Денеска, според него, приватните превозници покажале единство и сериозност во намерите да
ја истераат правдата на виделина и да го свртат вниманието на целата јавност за проблемот со
кој се соочуваат.

„По седницата на Советот на Град Скопје на која присуствувавме видовме дека и на сите
советници им е повеќе од јасно дека неспособноста на градоначалничката и менаџментот на ЈСП
се оние кои доведуваат до ваквите состојби“, додаде тој.

Претходно, во однос на седницате на градскиот Совет за советнички прашања, директорот на
„Слобода превоз“ истакна дека не ги добиле очекуваните одговори.

„Сакавме да слушнеме што сѐ е планирано околу цела ситуација и кое е излезното решение и
каде е проблемот што се создаде за да биде Скопје ставено во една ваква тешка ситуација“,
изјави Јовановски, заклучувајќи дека не гледа ниту знаци, ниту желба, дека некој нешто ќе
направи во оваа ситуација.

Во неговото 23-годишно искуство со сите градоначалници до денеска, подвлече, немале
ситуација некој да им посочи дека треба да тужат, бидејќи сите проблеми што ги имале ги
решавале на маса.

„Сега имаме ситуација кога, покрај тоа што никој не сака да седне на маса и да понуди
решение, дури нема одговор ни на оние основни прашања што треба да се одговорат и јавноста
да ги знае за да ѝ биде појасно зошто сето ова се случува и како некој планира ова да го реши“,
рече Јовановски.

Инаку, германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер утре доаѓа во дводневна официјална
посета, негова прва посета на земјава, чиј фокус, според официјалната веб страна, ќе биде
ситуацијата во регионот, влијанието на „руската агресивна војна“ во Украина и тековната
поддршка на Германија за перспективите на земјата за пристапување во ЕУ.

Според агендата, се очекува утре напладне тој да има средба со претседателот Стево
Пендаровски, по што во 13 и 15 часот ќе имаат заедничка прес-конференција. Во 14 часот ќе се
обрати во Собранието, а во 16 и 15 часот ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски во
Влада.

На 30 ноември, Штајнмаер во Чифте амам ќе се сретне со филмската екипа на филмот „Медена
земја“. Во попладневните часови ќе ги посети ветерниот парк во Богданци, а потоа германската
компанија Дрекселмајер во Кавадарци.

Од МВР веќе најавија дека утре и задутре (29 и 30 ноември), поради посетата на германскиот
претседател, ќе има посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото
централно подрачје на град Скопје. Од МВР апелираа до сите граѓани и учесници во сообраќајот
да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Next Post

Ковачевски од Велес: Следната година е година на економска пресвртница

EVN

НАЈНОВО

Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

April 18, 2026
Анаис. Мотив, Крушево

Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

April 18, 2026

Комисија за култура на СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја во Стоби додека удира врз колективниот договор

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис. Мотив, Крушево

    Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk