„Преземаме значајни мерки за ефикасно елиминирање на црните точки на нашите патишта, ја модернизираме патната мрежа, најдобар пример за тоа е новиот експресен пат Штип – Радовиш, кој е веќе го пуштивме во употреба и изградбата на уште 3 експресни патишта кон Кочани, кон Прилеп и кон Крива Паланка.
Преку Проектот за подобрување на локалната патна мрежа даваме силен инпут за подигнување на безбедноста во сообраќајот во локалните средини преку реализација на преку 100 локални патишта во 49 општини, а во исто време посветено работиме и на формирањето на Извршното тело за безбедност во сообраќајот, што е наша силна заложба и што ќе ни помогне во усогласувањето со правото на ЕУ.
Благодарност до нашите партнери од Европската Унија, од Секретаријатот на транспортната заедница за континуираната поддршка во реализација на нашите национални стратегии.“ напиша министерот Благој Бочварски по повод работилница за преглед на капацитетите за управување со безбедноста на патиштата во организација на Министерството за транспорт и врски и Светска банка како дел од важниот проект на Владата на Република Северна Македонија за поврзување на локалните патишта, поточно за рехабилитација на локалните сообраќајници, финансирано со средства од Светска банка.