ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

ФИТР инвестира во пет компании за развој на решенија за справување со климатски промени

December 5, 2022 13:58
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно пет домашни компании се добитници на финансиска поддршка во рамките на предизвикот за „Справување со климатски промени 2022” кој го спроведе Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економски сектори и инвестиции.

Добитници се – проектот „Влијание на мрежи за засенчување врз квалитетот и антиоксидантниот потенцијал на малини и капини одгледувани во кривопаланечкиот регион” на компанијата Виламет, проектот „Challenger@Work” на компанијата Гринт ИТ, проектот „Еколошки бекатон плочки од оризови лушпи и лигнин” на компанијата Иновативност ДООЕЛ, проектот „Лама” на компанијата Кодхем ДООЕЛ и проектот „Од отпад до органска вредност” Доминос ДООЕЛ.

Иновативните решенија кои ги понудија петте компании, велат од ФИТР, ќе овозможат развој на иновативни, климатски/чисти технологии, производи и/или процеси насочени кон ублажување или намалување на последиците од климатските промени.

–Климатските проемени се една од најголемите закани со кои се соочува човештвото, и затоа навистина сум горд што ФИТР активно се вклучува во заедничките напори на Република Северна Македонија да одговори на предизвиците на климатските промени, особено со инвестиции во ранливите сектори. Предизвикот за справување со климатски промени претставува само почеток но и конкретен чекор кој го спроведовме во насока на зајакнување на климатското финансирање во Северна Македонија, со што го поттикнавме потенцијалот на приватниот сектор да инвестира во иновативни решенија за справување со климатски промени. Но ние не застануваме тука, врз основа на неодамнешната одлука на Влада, ФИТР да биде назначена за прв национален субјект кој ќе го започне процесот на акредитација за ЗКФ, го започнавме процесот на подготовка на апликација за акредитација  за Зелениот климатски фонд,. На овој начин, државата ќе може директно да пристапи до ЗКФ, со целосна сопственост во процесот на климатско финансирање и негово подобро интегрирање со националните кациски планови за клима, истакна Фестим Халили, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

Халили изрази уверување дека поддржаните проекти на компаниите, но и, како што рече, сите ние – институциите, научните и граѓанските организации и приватниот сектор, активно ќе се вклучиме во борбата против климатските промени.

Вкупниот буџет на повикот изнесува 7.5 милиони денари, додека Фондот обезбедува финансирање до 90 отсто од вкупниот буџет за проектот, во максимален износ од 1.5 милиони денари по проект. Спроведувањето на добитните проекти може да биде до 12 месеци.

На предизвикот кој бил отворен од 14 јуни до 1 септември 2022 година биле поднесени вкупно 25 проектни апликации, кои ги поминале двете фази на претселекција и финална селекција од страна на Комисијата за оценување и избор, која ја донела и конечната одлука за финансирање на најдобрите пет проектни апликации.

Next Post

Ковачевски и Николовски во ОУ „Ј.Х. Песталоци“ по повод реализацијата на проектот „Здрава ужинка за секој ученик“

Shortcut

Најново

Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026
Digital brain with circuit patterns symbolizes artificial intelligence in server lab

Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 27, 2026
Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk