ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: ЕУ е нашата единствена алтернатива, заедно со ЕУ ќе ја пребродиме економско-енергетската криза

December 6, 2022 15:26
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со лидерите од Западен Балкан денеска учествуваше и дискутираше на втората панел дискусија во рамките на Самитот за Западен Балкан – Европска Унија во Тирана. Тема на дискусија беа европските перспективи на Западен Балкан, заедничките заложби за демократијата, мирот и стабилноста на регионот и во цела Европа, како и меѓусебната поддршка во справувањето со економската и енергетската криза.

Ковачевски истакна дека мирот и стабилноста на Балканот се предуслов за мир и стабилност на цела Европа, затоа сите заеднички, цел регион треба да се залага да се постигне оваа цел.

„Работејќи заедно на оваа важна цел, земјите од Западен Балкан, како земји од доверба на ЕУ обезбедуваат сигурна иднина како за граѓаните, така и за развој на економиите и просперитет во државите. Република Северна Македонија и Република Албанија ги започнаа преговорите со ЕУ за полноправно членство на ЕУ и продолжуваат посветено да работат на скрининг процесот со сите свои капацитети. Исто така Република Северна Македонија очекува наскоро да ги направи Уставните измени со кои уште еднаш ќе покаже највисок степен на демократија и почитување на основните човекови права“, рече Ковачевски.

Тој на сесијата рече дека потребна е силна и тесна соработка на целиот регион посебно во делот на енергетиката. За постигнување на амбициозните цели за енергетска транзиција и за надминување на предизвиците кои ни ги наметна економската и енергетската криза, потребно е фокус на изнаоѓање алтернативи за стабилно и континуирано снабдување со електрична енергија, но и насочување кон обновливи извори на енергија.

„Зелената агенда која ја спроведува Република Северна Македонија е важен двигател за земјата во контекст на енергетската криза во која се наоѓаме. Само во изминативе неколку месеци во Северна Македонија започна со работа најголемата досега фотоволтаична електрана, која произведува струја од домашни ресурси, од македонското сонце, а ги задоволува потребите на многу домаќинства. Од една страна, поедноставените процедури за поставување фотоволтаици овозможуваат посеопфатна и поширока нивна примена, додека пак сериозниот пристап кон инвестиции во областа на енергетиката со посебен фокус на обновливите извори на енергија од друга страна, овозможува интензивирање на енергетската трансформација на земјата, но и на регионот“, истакна Ковачевски..

На Самитот премиерот Ковачевски рече дека Република Северна Македонија е првата земја во регионот на Западен Балкан која усвои Стратегија за развој на енергетскиот сектор заснована на столбовите на Зелениот договор на ЕУ.

„Република Северна Македонија е и првата земја која спроведува проект за замена на стара термоцентрала на јаглен во „Осломеј“ во Кичево со фотонапонска централа, како конкретен чекор кон енергетската транзиција на Северна Македонија, покажувајќи силна иницијатива за декарбонизација на нашиот енергетски сектор. Ќе го спомнам и нашиот најзначаен проект за енергетска транзиција, во фаза на евалуација е изградбата на пумпно складиште хидроцентрала Чебрен, Црна Река, вредна над 800 милиони евра“, нагласи Ковачевски.

Тој истакна дека, потребна е голема поддршка преку достапни грантови и поволни заеми за новите проекти и да работиме на ефективни планови за праведна транзиција со достапни најдобри практики.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Киберпанк: Надежта е револуција“ – Настан што симулира опстанок во дистопија, инспириран од суровата реалност

May 9, 2025

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk