Градоначалничката Данела Арсовска ги тргна портретите на досегашните градоначалници на Скопје кои над 20 години стоеја во салата за состаноци до нејзиниот кабинет, објави порталот СДК.мк.
Според порталот, неколку месеци по доаѓањето на функцијата, Арсовска наредила портретите да се тргнат од салата и да се закачат во ходникот каде што се вецињата и бифето. Така, сега портретите на Петре Шилегов, Коце Трајановски, Трифун Костовски, Ристо Пенов, Јове Кекеновски, Горан Николовски и Милан Талевски висат над вецињата, во ходник каде што не поминува Арсовска.