ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

(ФОТО) Зајкова: Импресиите од посетата на студенскиот дом „Стив Наумов“ се лоши, потребно е итна реконструкција од корен

December 12, 2022 15:51
in ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По барање на студентите од Универзитетското студентско собрание, денеска пратеничките Моника Зајкова и Фиснике Бектеши и претседателот на Универзитетското собрание при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Славчо Темелковски извршија увид на просториите во студентскиот дом „Стив Наумов“, со цел да оценат дали поправките и реновирањето се одвиваат согласно предложениот Акциски план за реализација во студентските домови на активности побарани од студентите на Министерството за образование и наука.

– Импресиите се лоши, очигледно е дека е потребно да се санираат студентските домови од корен, особено „Стив Наумов“. Првиот и вториот блок се реновирани во 2009 година, а гледаме дека зградите се тотално вон употреба и тоа е засрамувачки. Не може во толку краток период да бидат во толку лоша состојба. Тоа што го видовме во оваа зграда што е пуштена во употреба е дека треба под итно да се санираат и реконструираат и тоалетите, но и да се подобрат условите за живот, изјави Зајкова

Додава дека како Собрание, тоа што можат да го направат е да свикаат јавна расправа и таа да оди во формално работно тело, да се дебатира и да се извлечат заклучоци што ќе ги обврзат институциите да постапуваат.

– Институциите треба да ја преземат работата во свои раце и да обезбедиме подобри услови. Ова сега во моментот е далеку од добри услови за живеење, вели пратеничката.

Виктор Велевски, директор на Државниот студентски дом – Скопје најави дека во тек е завршната фаза на проектот за реконструкција на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“.

– Очекуваме во март 2023 година да почнат темелни градежни активности. Како студентски дом се изборивме во овој проект да влезе и мензата во студентскиот дом „Гоце Делчев“ што претходниот пат кога се реновираше домот, остана во таа состојба каква што е, истакна Велевски.

Со реновирање ќе почнат зградите 1 и 2 во „Стив Наумов“ коишто иако се обновени во 2009 година, тие не се во функција. Како што најави Велевски, целосно ќе се реновира и зградата 3, но и мензата во домот.

– Ние како студентски дом со средствата што ги имаме на располагање, што ги добиваме од страна на Министерството за образование и наука санираме толку колку што можеме. Како што сега видовте сега се варосува, првпат од 1991 година, сменивме плочки, а ставени се и врати, соопшти директорот Велевски.

Темелковски вели дека како Универзитетско собрание при УКИМ, за помалку од три месеци успеале да ја поведат иницијативата да ги посетат сите студентски домови.

– Бидејќи не сум дел од домовите сакав да ги посетам и да се запознаам со состојбата внатре. Би рекол дека со тек на време успеавме да оформиме една слика околу тоа каква е состојбата и кои би можеле да бидат идните чекори за решавање на истата ситуација. Студентите најмногу се жалат на тоалетите и хигиената. Мислам дека доколку се реши тој проблем ќе има поинаква слика за домот. Но, не можеме како општество да се задоволиме со тоалети и хигиена, студентските домови во регионот се на едно многу повисоко ниво од кај нас, заклучи претседателот на Универзитетското собрание.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: студентистудентски домУниверзитетско собрание

НАЈНОВО

Фото: Х. Мицкоски ФБ

СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?

May 18, 2025

Орбан му се пожали на Руте и побара НАТО да го спречел „клеветењето“ од Украина

May 18, 2025
Фото: Кабинет на претседател на Украина

Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk