ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Жан Моне дијалог: Пратеничките партии постигнаа согласност за големо преуредување на Деловникот на Собранието

Претседателот Џафери, кој копретседаваше со Жан Моне дијалогот заедно со тројцата европратеници, изјави: „Жан Моне дијалогот го гледам како инвентивна алатка која доследно даваше резултати во текот на целиот мандат на актуелниот законодавен состав. Тој беше клучен во негувањето на консензусот околу новиот Етички кодекс, клучните амандмани на Деловникот и зајакнувањето на институционалната независност на Собранието, каде неодамна направивме важен исчекор со усвојувањето на амандманите на Законот за собрание.   

February 3, 2020 16:15
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Парламентарните лидери со предлог нови правила за Собранието за неговиот нов состав. Пратеничките партии постигнаа согласност за големо преуредување на Деловникот на Собранието. Тие се обврзаа да го поднесат текстот после изборите. По дводневниот отворен и конструктивен дијалог, политичките групи и раководството на Собранието се договорија за измените кои ќе осигурат парламентот во својот нов состав да биде ефикасен, транспарентен и ефективен во реализирањето на аспирациите на граѓаните, вклучително и во унапредувањето на членството на земјата во ЕУ и интеграцијата во евроатланските институции. Третиот Жан Моне дијалог со Собранието се одржа во Скопје на 31 јануари и 1 февруари 2020 година, соопштуваат од Македонското собрание.

Дијалогот беше копретседаван од нов тим на олеснувачи, г. Шидер и г-ѓа Валсман, кои се претседател и потпретседател на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија, како и постојаниот известувач за Северна Македонија на Комитетот за надворешни работи, г. Кјучук. Во заедничко соопштение по настанот тие изјавија:

Политичкиот дијалог е суштината на современата парламентарна демократија и денешниот договор го сфаќаме како дел од поширокиот политички консензус за европската иднина на земјата, изразен од политичките лидери по разочарувачкиот октомвриски Европски совет. Среќни сме што вчерашниот консензус беше потврден од сите политички лидери. Политичките партии повторно ја покажаа својата решеност да осигурат Собранието да се истакне како регионален лидер во парламентарните реформи и прифаќањето на европската култура на градење на консензус преку дијалог и компромис.

Дијалогот Жан Моне обезбеди платформа што ги зближи политичките партии во време на предизвик на патот на Северна Македонија кон ЕУ. Очекуваме изборите да бидат спроведени во согласност со највисоките национални и меѓународни стандарди. Успехот на Собранието во помагањето да се сочува клучниот консензус за реформите поврзани со ЕУ преку дијалог е непроценливо демократско достигнување. Сега сметаме на заложбата на политичките групи да го достават новиот Деловник по изборите. Реформираните правила ќе му овозможат на новиот состав на Собранието веднаш да се фокусира на својата клучна работа.

Претседателот Џафери, кој копретседаваше со Жан Моне дијалогот заедно со тројцата европратеници, изјави:

„Жан Моне дијалогот го гледам како инвентивна алатка која доследно даваше резултати во текот на целиот мандат на актуелниот законодавен состав. Тој беше клучен во негувањето на консензусот околу новиот Етички кодекс, клучните амандмани на Деловникот и зајакнувањето на институционалната независност на Собранието, каде неодамна направивме важен исчекор со усвојувањето на амандманите на Законот за собрание.   Процесот на Жан Моне дијалогот е доказ за практичната вредност на дијалогот и градењето на консензус при осврнувањето кон клучните национални приоритети. Сметам дека со нашиот договор, денес поставуваме еден непроценлив пример за соработка во пресрет на претстојните избори. Гледано надвор од изборите, дијалогот Жан Моне има потенцијал да придонесе за други клучни теми, вклучувајќи ја и независноста на Собранието. Процесот на преговори за ЕУ, откако ќе започне, ќе донесе нови можности и предизвици, а Жан Моне дијалогот може да има клучна улога во зајакнувањето на Собранието да заземе водечка улога. Исто така, среќен сум што се потпираме на една многу широка институционална поддршка од ЕП. Тројцата нови копретседавачи се претставници на трите главни политички семејства во Европскиот парламент – Европската народна партија (EPP), Социјалисти и демократи (S&D) и Обнова на Европа (Renew Europe). Тие исто така ја водат Северна Македонија во двете најголеми тела на ЕП за надворешна политика – Комитетот за надворешни работи и Делегацијата за земјата“, рече Џафери.

Next Post

Џонсон: Нема да има нелојална конкуренција со ЕУ, но без задолжително усогласување на прописите

Shortcut

Најново

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk