Собранието на Бугарија не го избра за премиер Николај Габровски, предложен од пратеничката група на ГЕРБ-СДС, јави дописникот на МИА од Софија.
„За“ гласаа 113 пратеници, „против“ 125 и без ниту еден „воздржан“. За поддршка на Габровски гласаа ГЕРБ-СДС 67, ДПС 35 и „Бугарски подем“ 11. Против предлогот беа „Продолжуваме со промената“ 53, Демократска Бугарија 20, „Предодба“ 27, „БСП за Бугарија“ 24 пратеници, како и исклучениот од БСП независен пратеник . Расправиите траеја околу 3 часа, а структурата и составот на владата на Габровски нема да се гласа, бидејќи неговата кандидатура не беше поддржана и со тоа е исцрпена уставната процедура, објасни претседателот на Народното собрание Јордан Цонев