Поради најава за поставена бомба годишната конференција на Стопанската комора на Северна Македонија во хотелот Александар Палас во Скопје, на која премиерот Димитар Ковачевски требаше да се обрати, се откажа.
На настанот во рамки на конференцијата требаше да се обратат и министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за финансии Фатмир Бесими.
Претходно серија дојави за наводно поставени бомби имаше во повеќе училиштата, институции и трговски центри низ државава.
Ова е прв случај за најава на поставена бомба на настани на кои предвидено е да присуствуваат политичари