„Во 21 век не би зборела за поделби на Македонци, Албанци, Турци Роми. Ако сме детектирале дека сме мултиетничко општество треба да го развиваме тој дух на мултикултурализам, и заеднички да работиме за подобар живот на секој еден што живее во оваа земја. Либерал демократската идеологија е можеби најблиска до индивидуата и до човекот“ изјави претседателката на ЛДП, Моника Зајкова во интервју за „Фронтлајн“.
Таа додаде дека ЛДП ќе одржи конгрес по зимските празници каде што ќе промовираат либерал демократски иницијативи и политки кои значат подобрување на секојдневниот живот на човекот.
„Мислам дека етничките прашања се одамна надминати и не треба воопшто да ги разговараме“ вели Зајкова.
Во интервјуто Зајкова кажува дека ЛДП ќе поднесе барање за измени во Кривичниот законик во делот на депенализација на канабисот и кажа дека за декриминализација на канабисот ќе биде потребна политичка војла за тој да не биде блокиран во Собранието.