ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Конечно, сонцето на слободата ќе ја огрее Фамилијата. Да живее правдата!

December 17, 2022 14:54
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, СКАНДАЛИ
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Една голема неправда е исправена. Апелацискиот суд ги укина пресудите на неколку членови на благородната Фамилија, тие посветени чувари на македонската демократија и прогрес, и ги врати на повторно постапување, а жалбата на Обвинителството ја прогласи за беспредметна. Не е прва, но секако дека е една од најголемите победи на македонското правосудство. Браво!

Конечно, сонцето на слободата ќе ги огрее кутрите великомаченици од Фамилијата. Тие неправедно беа судени, некои и осудени на затвор, а некои долго време се мачеа во домашен притвор во луксузни хотели.

Членовите на Фамилијата неправедно и лажно беа обвинети за прислушување на илјадници луѓе, заробување на државата, малтретирање, тепање, уцени, рекет, судско-полициски прогон, тежок грабеж на јавните пари во милијарди евра, медиумски хајки, тешки изборни кражби и убиства. Не, ништо од тоа не се случило никогаш или барем додека Фамилијата беше на власт. Кој ќе каже или напише такво нешто, мора веднаш да биде даден на суд.

Сѐ за што зборуваа и пишуваа предавниците и странските агенти и платеници, сѐ што беше напишано во обвинителните акти – кутрите тие, добри домаќини, членови на таа сложна Фамилија – не го сториле! Тие се, всушност, жртви на стотиците илјади граѓанки и граѓани замаени од алуминиумот што се прскаше од небото, задоени со лагите на странските служби со жолтите комбиња.

Така замелушени, тие со години протестираа и божем бараа правда, еднаквост и слобода, а веќе ги имаа во изобилство, бидејќи Фамилијата работеше 24/7 да го обезбеди тоа.

Мора еднаш засекогаш да се запомни!

На тие што протестираа со години, не им беа испраќани тенкови и специјалци.

Никогаш никој не бил малтретиран, ниту на работа, ниту на било кое место, ако не мисли исто како Фамилијата.

Немаше раздор, немаше национализам, страв и насилство.

Земјата не беше изолирана и заборавена од сите.

Не украдоа милијарди евра и не ги депонираа во даночните раеви.

Не го парцелизираа Водно и не изградија палати за себе и за своите послушни полициско-пропагандни кучиња.

Студентите во читалната „Браќа Миладиновци“ никогаш не беа тепани.

Момчето не беше убиено на плоштад, а министерката за внатрешни работи никогаш не се обиде да го скрие убиството.

Никогаш не се спомна „завршување во ендек“ за опозиционерите.

Никогаш немаше влечење за уши. Немаше човечиња.

Само ни се стори дека МВРО е ВМРО и обратно.

„А војна да направиме?“ – тоа никој од Фамилијата не го кажал.

Не прислушуваа илјадници луѓе.

Сето тоа е лага!

Сега, драги граѓанки и граѓани, брцнете во џебовите и почнете да собирате пари за отштета за нанесените душевни болки на великомачениците од Фамилијата.

Да живее правдата!

ПС. Некој опцу? Срам да ви е! Ова е свечен момент за македонската правда. Бидете пристојни!


Извор: CivilMedia | Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: правдарежимФамилија

НАЈНОВО

AI Generated Image

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Генерирано со ВИ

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Трамп и Мерц Фото:EWTN скриншот

(ВИДЕО) Мерц–Трамп: Средба што може да го промени текот на трансатлантската политика

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk