Пишува: АЦО ЛУКАРОСКИ
Вчера и денес многу пати си ја слушав Insieme/Заедно.
Ја слушав и на полувреме од финалето на СП.
Си ја слушам и сега.
Чувството прекрасно.
Многу наши музички ѕвезди ги слушам едни со други, Insieme. Меѓу нив гледам и пејачи коишто во минатото отворено ја пропагирале политиката на денешната опозиција. Меѓу пејачите ги има и оние што ја поддржувале и поддржуваат сегашната власт. И не само кај пејачите. И меѓу останатите вклучени во подготовка на песната (текст, аранжман) препознавам и ‘едни’ и ‘други’ и ‘трети’… Tutti Insieme!
И тоа е тоа што ми го прави чувството прекрасно. Ретка ситуација да сме обединети. Ретка ситуација да бидеме Insieme. Околу нешто добро. Insieme обединети околу европските вредности.
За оваа убава иницијатива да нема дамки, се потрудија и политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Алијанса за Албанците, Алтернатива, Достоинство и други кои ја поддржаа Иницијативата на Цивил „Insieme/Заедно“ за обединување и за европска иднина.
Браво за идејата.
Браво за Цивил и сите други што беа вклучени во овој проект и што идејата ја претворија во реализација!
ПС. Сепак имаше црна дамка. За тоа се погрижија оние што побрзаа да ја искритикуваат песната. Во тие критики многу лесно се препознаваат ситнопартиски побуди. За среќа, таквите се многу малку за да можат да спречат Insieme да го продолжиме патот кон Европа!