Бројот на заразени од коронавирус во Кина се зголеми на 20.438, а меѓу нив е и едномесечно бебе, јавуваат кинеските медиуми.
„Пиплс дејли“ пишува дека коронавирусот кај бебето бил дијагностициран во провинцијата Гуџу.
Бебето е во изолација во болница и неговата состојба е стабилна.
Според најновите податоци, 425 лица починале од последиците на новиот коронавирус во Кина, а по едно лице починало во Хонгконг и на Филипини.