ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицотакис во посета на југот на Албанија, ја пренесе поддршката за европската интеграција на земјата

December 22, 2022 15:18
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска престојува во посета на јужниот дел на Албанија, поточно во градовите Химара, Финиќ и Дропул, населени со припадници на грчкото малцинство.

Тој со воен хеликоптер прво слета во Химара, каде го посети грчкото училиште „Омирон“.

Придружуван од првиот човек на грчкото друштво „Омонија“, Фреди Белери, тој изјави дека безусловно ќе ја поддржи интеграцијата на Албанија во ЕУ, вети решавање на прашањето на пензиите на албанските државјани во Грција, а ја пренесе големата поддршка за припадниците на грчкото малцинство. Најави дека грчката Влада набрзо ќе изгради грчко средно училиште во Химара.

Втора дестинација беше Дропул, каде беше и неговиот албански колега Еди Рама, кој најави дека плоштадот во ова гратче ќе го носи името на поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис, таткото на Кирјакос Мицотакис, кој ја посетил Албанија пред 30 години.

Рама побара од Мицотакис да вети дека ќе биде присутен на инаугурацијата на главниот плоштад во Дропул, но, му порача дека прво мора да победи на изборите.

-Сакам да кажам дека за нас малцинството е незаменлив мост на нераскинливата врска меѓу нашите две земји и со голема благодарност сакам да ги поздравам сите граѓани, како тебе, со грчка националност, кои дадоа многу за заедницата, земјата и благодарение на слободата и отворањето на границите по долг период, тие можат слободно да се движат меѓу оваа и онаа страна на границата, изјави Рама.

Среќен сум, посочи тој, што претставниците на оваа заедница се меѓу најважните во нашата економија.

– Овде се собрале за тебе, никогаш вака не се собрале за мене, да знаеш. Те сметаме за пријател и брат овде во нашата земја. Плоштад ќе го носи името на таткото на премиерот и во негова чест ќе биде поставена биста. Мора да победиш на избори. Вети дека ќе дојдеш овде да инаугурираш, дека повторно ќе бидеш премиер, за плоштадот и поставувањето на бистата, му се обрати Рама на Мицотакис.

Грчкиот премиер го посети и градот Финиќ, кој, од 61 општина, колку што има во земјата, е единствен каде градоначалник е Грк од партијата МЕГА

Tags: „Омирон“Еди РамаКиријакос МицотакисФреди БелериХимара
Next Post

Стигнаа првите сметки за струја со пресметка за субвенцијата, видлива е владината помош

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk