Како млади треба да сме пооптимисти од останатите, изјави претседателот на СДММ, Марко Михаилоски во гостувањето на ТВ24. Тој оцени дека 2022 година е надежна за младите, а вратата што Европската унија ја држела долго затворена, сега се подотвори.
Со тоа почнавме како млади да го гледаме светлото на европскиот просперитет. Лани почнаа многу прашања за младинските политики да се покренуваат. Постои дискусија која што ја поттикнуваат сите заради младинските прашања и токму заради тоа фронтот за подобар живот на младите тука ќе биде секогаш отворен, истакна Михаилоски.
Според него, младите можат и мораат да придонесат уште повеќе за да ги донесат европските вредности дома.
Отпочнувањето преговори значи неиселување на младите, со нив имаме проекти за мобилност и размена на студенти. Тоа значи подобри можности и повисок стандард за нас младите, што доведува и до подобро образование. ЕУ е процес, во кој сите треба да се вклучат за да може процесот да функционира, додаде Михаилоски.
Тој, меѓу другото, истакна дека „по 15 години ВМРО-ДПМНЕ се свести и започна да мисли за младите“, додавајќи дека законот за субвенциониран студентски оброк е поднесен од актуелната власт, а не од претходната пред 15 години.
Субвенционираниот студентски оброк е донесен изминативе години, а не пред 15 години.
Оваа Влада беше спремна за тоа и седна на маса со студентите и ги прифати предлозите на
студентите, со цел во април да се најде системско решение и да се дојде до првичната
намена, а тоа е здрав студентски оброк, а не само финансиска поддршка, кажа Михаилоски.
Претседателот на СДММ, исто така, нагласи дека во студентскиот дом „Стив Наумов“ се врши поправка на она што беше реновирано пред 15 години. Годинава започна постапката за целосно реновирање на домовите „Кузман Јосифовски-Питу“и „Стив Наумов“. а 2023 година почнува целосната санација и на овие два дома, како што се случи со „Гоце Делчев“.