По патувањето на украинскиот претседател, Володимир Зеленски во Вашингтон на 21 декември 2022 година, на социјалните мрежи е објавена фотошопирана фотографија на која се гледа како американскиот претседател Џо Бајден ја става раката на задникот на украинскиот лидер. Меѓутоа, оригиналната фотографија и другите снимки од посетата покажуваат дека раката на Бајден е на грбот на Зеленски, односно верзијата што кружи на интернет е „доктрирана“.
Фотошопираната фотографија брзо се рашири на платформите како што сe Твитер, Телеграм и Инстаграм на повеќе јазици и земји, меѓу кои и во нашата држава. Симпатизерите на Левица со оваа фотошопирана фотографија се обидоа да шират руска пропаганда, меѓу кои и Фејсбук страницата Странски служби.
Има и друга верзија која е објавена на Твитер, која ги покажува Џо Бајден и првата дама Џил Бајден како го допираат Зеленски за задникот.
Но, фотографијата на двајцата лидери е дигитално изменета. Оригиналната фотографија ја објави Џил Бајден на својот Фејсбук профил на 21 декември, со коментар: Претседателе Зеленски, се надеваме дека ќе ја однесете нашата љубов и поддршка до Олена и вашите деца, и сите семејства во Украина.
Посетата на Белата куќа беше прва за Зеленски откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, започнувајќи повеќемесечна офанзива што ја наруши глобалната економија и остави илјадници мртви.
ЦМТ / ЦИВИЛ Медиа