ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Граѓаните сакаат економски напредок и сигурност, а токму тоа ни го нуди ЕУ со нови фондови и можности

December 28, 2022 11:27
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Според вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ високата поддршка за ЕУ, НАТО и за Отворен Балкан е директен показател какви политики сакаат и бараат граѓаните.

„Сакаат мир, извесност, сигурност отворени граници, соработка, сакаат фондови и подобра економија, подобри институции, реформи и држава по европски стандарди. И сето ова го добиваме и го стекнуваме како наш национален траен белег, токму одејќи по патот кој сме го избрале, пат кој води кон ЕУ. Постои ли друг пат? Ниту некој ни понудил ниту било која од оние мали но опасни антиевропски структури во земјава презентирале друга опција подобра од оваа. Ни нуди ли некој друг неповратни фондови за да градиме инфраструктурни проекти, ни нуди ли некој друг реформи во сите сфери на општеството? Ни нуди ли некој друг безбедносна заштита подобра од оваа што ја имаме со НАТО? Не, нема друга опција, ниту пак Северна Македонија било кога историски била на друга патека различна од оваа. Народот добро знае што е исправно и зошто од секогаш сме со демократскиот Запад“, вели Маричиќ во интервју за „Капитал“.

Тој додава дека она во што граѓаните не треба да се сомневаат е дека преговорите се официјално започнати, со одржувањето на првата Меѓувладина конференција во Брисел, на 19 јули.

„Треба на сите да ни е јасно дека овој процес е историски, го започнуваме еднаш и дека само еднаш имаме ваква шанса за темелна и брза трансформација на општеството на подобро. Сè друго е пропаганда и лажни вести кои доаѓаат од оние кои не сакаат државата да се движи во овој правец, кои сакаат дестабилизација и враќање во време кога Северна Македонија беше оценувана како „заробена држава“. Тоа не смееме да го дозволиме, затоа што тоа би значело назадување на државата и политичка криза, а имајќи предвид дека во Европа имаме веќе безбедносна криза секој отворен простор и скршнување од европскиот пат од било какви други надворешни влијанија ќе биде несомнено искористен. А тоа не го сакаме. Сакаме сигурност, економски напредок, благосостојба и извесност за граѓаните и државата, а тоа е загарантирано токму со членството во ЕУ, кое ќе отвори нови можности и нови фондови“, истакна Маричиќ.

Вицепремиерот нагласи дека не смееме да го заборавиме фактот дека Европската Унија е убедливо најголемиот донатор на Западен Балкан, па и кај нас во Северна Македонија.

„Од 2007 година до денес, преку ИПА програмата милијарда евра се вложени во државата и тоа се неповратни средства кои се вложени во инфраструктурата и во развојот. Сето тоа е вложување во значи подготвување за членство во Унијата, кое ќе продолжи, со многу повеќе средства, преку нови програми и фондови кога ќе станеме членка на Унијата. За актуелизирање и приближување на целиот процес го граѓаните, кој во моментов е најголемиот и најважниот македонски проект, голема и клучна е и улогата на медиумите, затоа што вие ја имате моќ да “продавате“ и да презентирате успешни приказни. Таква успешна приказна треба да биде и нашиот процес на пристапување во ЕУ. Затоа и предвидовме следната година медиумите да присуствуваат на објаснувачките скрининзи, подобро да се запознаат со текот на скринингот и да почувствуваат дел од атмосферата во Брисел, за да можат да пренесат релевантни информации на граѓаните и да потврдат дека преговорите со ЕУ Северна Македонија веќе ги започна“, заклучи Маричиќ.

Tags: европски фондовиекономски напредокЕУЗападен БалканНАТООтворен Балканподдршка
Next Post

Град Скопје како воспитна институција – По три месеци расправии, Славевски се надева дека Арсовска ја научила лекцијата, а што добиваат граѓаните?

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk