Украинските власти известија за ново масовно руско гранатирање, а утринава одекнаа експлозии во неколку градови. Според властите, тие биле од системите за ПВО што собориле руски ракети.
Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски Олексиј Арестович на „Фејсбук“ напиша дека над 100 ракети биле испукани кон Украина во неколку бранови, а сирените за тревога биле активирани на различни места во земјата.
Според локални медиуми, експлозии се регистрирани во главниот град Киjив, Житомир и Одеса.
Соопштено е и дека напојувањето е исклучено во регионите Одеса и Дњепропетровск со цел да се минимизираат можните штети на енергетската инфраструктура.