Украинската армија денеска соопшти дека спречила напад со руски беспилотни летала во текот на ноќта, вклучително и врз Киев, еден ден по обемните ракетни напади низ Украина.
– Ноќта меѓу 29 и 30 декември, непријателот ја нападна Украина со самоубиствени беспилотни летала од Иран, се вели во соопштението на украинските ВВС објавено на социјалните мрежи.
Вкупно 16 беспилотни летала биле истрелани од југоисток и север и, според украинската војска, „сите“ биле уништени од украинската ПВО.
Во Киев, градските власти утринава во 2 часот и 12 минути по локално време објавија воздушен тревога, а тревогата траеше нешто повеќе од два часа.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко подоцна објави дека Киев бил нападнат од седум беспилотни летала, од кои две биле соборени додека се приближувале до главниот град и пет над градот. Немаше жртви во нападот.