ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Русија предновогодишно сака да ја остави Украина без струја, изминатата ноќ ги нападна Кијивскиот и Днипропетровскиот регион

December 30, 2022 15:56
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Руската агресија врз Украина продолжи изминатава ноќ со лансирање на дронови-камикази на северот и југоистокот на земјата. Вкупно 16 дронови биле соборени од украинската противвоздушна одбрана изминатава ноќ, од кои седум биле пресретнати во околината на Кијив и во самиот град, додека преостанатите биле соборени во Днипропетровскиот и Запорижшкиот регион, пренесува Гардијан.

Алармот за противвоздушна одбрана во Кијив се вклучил среде ноќта, при што противвоздушната одбрана на Украина дејствувала и уништила вкупно седум дрона што биле лансирани врз главниот град. Остатоците од еден од дроновите паднале врз административна зграда во населеното место Холосиев во Кијивскиот регион, при што била погодена и оштетена административна и станбена зграда.

Ирански дронови „Шахед“ биле соборени од противвоздушната одбрана на Украина и во Днипропетровск и Запорижја, но притоа не се забележани загинати и повредени лица во нападите, пренесува Укринформ.

Украинските власти објавија конечни официјални резултати во однос на вчерашните ракетни напади извршени од Русија врз цивилни цели во земјата. Украинската армија соопшти дека Русија лансирала вкупно 69 проектили од копно, море и воздух, од кои 54 биле пресретнати и уништени од противвоздушната одбрана. Главна цел на нападите била енергетската инфраструктура од Харкив на исток до Лвив на западот на Украина.

Во меѓувреме, на фронтот продолжуваат борбите меѓу руските и украинските сили во Донбас. Жестоки борби се водат околу населените места Кремина во Луханскиот регион и Бахмут во Донецкиот регион. Еден цивил загинал како последица на руските напади врз градот Бахмут, пренесува Укринформ. Херсонскиот регион изминатово деноноќие бил ракетиран во 81 наврат, при што регионалниот центар Херсон бил гаѓан 27 пати во текот на денот и било повредено едно лице.

Украинските власти ги објавија и своите податоци за бројот на загинати руски војници од почетокот на воената агресија врз нивната земја. Тие тврдат дека Русија досега изгубила 105.250 војници во Украина, додека само во изминативе 24 часа загинале 690 руски војници долж фронтот долг над 1.000 километри. Најголеми загуби руските сили претрпеле во Бахмут и Лиман, пишува Укринформ. Ваквите податоци на двете спротивставени страни за бројот на загинати војници засега не можат да бидат потврдени од независни извори.

Од почетокот на руската воена агресија на 24 февруари годинава, во Украина биле оштетени над 2.600 објекти на образовни институции, додека 406 зданија биле целосно уништени како резултат на руските напади, пренесува Укринформ. Овие податоци ги обелодени украинското Министерство за образование и наука. Инаку, во моментов функционираат 12.902 школи на териториите под контрола на украинските власти.

Извор: Мета

Tags: дроновируска агресија врз УкраинаУкраина
Next Post

Нова Година во Париз - распоредени 5.400 полицајци во главниот град на Франција

Shortcut

Најново

Алиу: Првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти отвора нов пристап кон менталното здравје

June 6, 2026

Филипче: На што ќе се вади сега Мицкоски после пораките на Мерц и Макрон?

June 6, 2026

Случај „Мазут“: Може ли да има кривично дело ако нема утврдена штета?

June 6, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

June 6, 2026

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk