ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Гладта во светот е последица од растот на цените на храната и руската агресија

January 2, 2023 13:48
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Photo: Wikimedia Commons

Photo: Wikimedia Commons

Share on FacebookShare on Twitter
  • Во 2022 година во светот имаше 345 милиони гладни.
  • Растот на цените, не достапноста на храната – една од главните причини за гладта во светот, оценува The Economist.
  • UNWFP купуваше половина од храната за итна помош во храна од Украина. Руската агресија го оневозможи тоа.

Светот ја дочека 2023 година со голем број кризи, меѓу кои една од најтешките е кризата со глад, пренесува ЦивилМедиа. Светската програма за храна при Обединетите Нации (UNWFP), задолжена за координација на дистрибуцијата на помош во храна, пресмета дека бројот на луѓе кои се соочуваат со недостаток од храна скокнал од 282 милиони на крајот на 2021 година на рекордни 345 милиони во 2022 година.

50 милиони луѓе на почетокот на 2023 година се на работ на изгладнување. Светот сѐ уште се справува со последиците од економскиот пад како последица од пандемијата „Ковид-19“, но тоа не е единствениот фактор.

Проблемот со недостатокот од храна во светот, во голема мера се должи на нагорната спирала на цените на храната, а не нејзината достапност, оценува еден од најугледните медиуми во светот, The Economist.

Русија и Украина беа меѓу првите пет светски извозници на производи од јачмен, пченка и сончоглед во светот. Така, кога избувна војната, залихите на основна храна беа сериозно погодени. Земјите кои беа најтешко погодени беа меѓу најсиромашните во светот. Судан, Танзанија и Уганда, на пример, се потпираа на Русија и Украина за над 40% од нивниот увоз на пченица.

Сепак, ефектите од недостаток на храна се чувствуваат насекаде. Глобалните цени на храната се зголемија бидејќи другите земји, вклучително и Аргентина и Индија, одговорија со трговски ограничувања. Кризата, меѓу другото, се продлабочи и затоа што Светската програма за храна при ОН не е во можност навреме и целосно да пружи итна хуманитарна помош во храна во земјите најпогодени од глад.

Причината за тоа е што Агенцијата на ОН најчесто купуваше дури половина од пченицата што ја дистрибуира токму од Украина. Тоа стана невозможно поради руската агресија, блокадата на украинските пристаништа, уништувањето на голем дел од посевите, како и масовна кражба што ја спроведоа руските сили од украинските силоси за житарици, за што во повеќе наврати пишуваше ЦивилМедиа.

Сето тоа придонесе кон раст на цените на храната насекаде во светот, така што останува констатацијата дека , сепак, храна во светот има, но е многу поскапа, што ја отежнува работата на хуманитарните агенции и организации.

Tags: UNWFPгладРуска агресијаСветска програма за хранацени
Next Post
Фото Ivan Dimitrov / Unsplash

Второто од двете пронајдени идентификувани тела на Пирин, не е на македонски државјанин

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk