ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Припадник на Косовските безбедносни сили уапсен, по пукањето во двајца етнички Срби, од кои еден е малолетник, повторно тензии во Косово

January 7, 2023 00:20
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter
  • Припадник на Косовските безбедносни сили беше уапсен откако во петокот пукаше во двајца етнички Срби, од кои еден малолетник, во село Готовуша, близу Штрпце, Косово.
  • Жртвите на возраст од 11 и 21 година се пренесени во болница, но не се во критична состојба.
  • Инцидентот ризикува дополнително да ги разгори тензиите меѓу локалните Срби и косовските власти, како и релациите меѓу Косово и Србија.

Припадник на Косовските безбедносни сили беше уапсен откако во петокот пукаше и рани двајца етнички Срби, од кои еден малолетник, Штрпце, близу Феризај, соопштија властите, пренесува Еуроњуз.

Престрелката на православен Бадник дојде по неколкунеделните етнички тензии во земјата.

Косовската полиција во соопштението соопшти дека уапсила „33-годишен маж“ во јужно Косово. Инцидентот се случил во селото Готовуша во близина на Штрпце, претежно населено со етничко српско малцинство.

Двајца братучеди, едниот на возраст од 11, а другиот 21, се ранети од огнено оружје од автомобил кој побегнал од местото. Животот на двајцата ранети не е во опасност, соопшти полицијата. Мотивот за нападот не е сѐ уште останува непознат.

Полицијата не го соопшти идентитетот на напаѓачот. Косовскиот министер за одбрана Арменд Мехај рече дека се работи за припадник на Косовските безбедносни сили, одговорни за вонредни ситуации.

„Сега бев информиран дека во случајот што се случи во Штрпце е вмешан припадник на Косовските безбедносни сили. Со случајот се занимаваат безбедносните и правосудните органи. Истото ќе се постапува според прописите и законите што ги имаме во сила во Министерството за одбрана и безбедносните сили“, напиша Мехај на Фејсбук.

Министерот Мехај напиша дека се работи за изолиран случај, но и дека секако не смее да се случуваат вакви работи. Тој изрази длабоко жалење за случајот.

„Изразувам најдлабоко жалење за она што се случи во Штерпце. На повредените им посакувам брзо закрепнување. Ваквите случаи се изолирани, но и како такви, не смее да се случат. Министерството за одбрана и Косовските безбедносни сили остануваат посветени да им служат на сите наши граѓани подеднакво.

Косовскиот премиер Албин Курти и претседателката Вјоса Османи јавно го осудија нападот.

Курти остро го осуди овој „напад врз двајца косовски граѓани“ и вети дека со осомничениот ќе биде „брзо и праведно постапено“ од страна на судството.

Единаесетгодишното момче и неговиот братучед биле ранети додека носеле дабови гранки, за Бадник, се вели во соопштението од кабинетот на српската влада, во кое случајот е оценет како „убиство во обид“.

Набргу по инцидентот, Србите во областа го блокираа сообраќајот на регионалниот пат, јави српската национална телевизија РТС. Нешто по 23 часот, откако им беше гарантирана засилена безбедност, тие ги тргнаа барикадите од патот, објави српски Курир.

Се вели дека демонстрантите барале засилено присуство на мировните сили на КФОР предводени од НАТО и безбедносни гаранции дека сличен инцидент нема да се повтори. На местото на настанот била присутна и косовската полиција.

Српската премиерка Ана Брнабиќ го осуди нападот како „грозоморно злосторство“, означувајќи го Косово како „последното гето во Европа“, според српската новинска агенција Танјуг.

Тензиите на релација Белград – Приштина без високи во текот на целата измината година. Ситуацијата се влоши во декември кога стотици Срби на северот на Косово поставија блокади на патиштата што водат до граничните премини со Србија.

Тензиите ескалираа кога српската армија беше ставена во состојба на готовност, а српската премиерка тогаш изјави дека земјата е „на работ на вооружен конфликт“. /PMD/


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Tags: Косовотензии
Next Post
Speaker McCarthy celebrates winning the vote / BBC

Конечно избран претседател на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk