Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска на сите православни верници им го честиташе големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ.
„Светлината на Божиќ нека се всели во нашите домови и донесе просперитет во целото општество. Да се почитуваме меѓу себе, да бидеме солидарни и да си ја чуваме татковината“, напиша Пендаровски на Фејсбук.