ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

(ИЗБОР) Албански медиуми: Курти бара поголема посветеност од ЕУ и САД за договорот со Србија, Интерпол ја демантира Брнабиќ, Бериша ќе го „руши“ Рама

January 13, 2023 12:48
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

И денеска во фокусот на албанските медиуми во регионот е решението за договор помеѓу Србија и Косово, а во продолжение се содржините од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа за денешните теми опфатени во медиумите.

РЕПОРТЕРИ – Курти: Состаноци во Брисел требаше да се одржуваат секој месец, ЕУ и САД  треба да вршат притисок врз Белград

„На 18 август минатата година се договоривме во Брисел да се среќаваме секој месец. Во септември тоа не се случи, туку дојде француско-германскиот предлог, кој го нарекуваме предлог на Европската унија поддржан од Франција и Германија, а средба немаше до 21 ноември. Сепак, се надевам дека оваа година ќе има поголема посветеност на меѓународната заедница, особено на Европската унија и Соединетите Американски Држави, со цел да се изврши поголем притисок врз Белград, изјави косовскиот премиер Албин Курти во однос на обидите и решеноста за договор со Србија, пренесува косовскиот медиум Репортери.

ЗЕРИ -Интерпол  ја  демантира Брнабиќ: На средбата со неа не било разгледувано прашањето за апликацијата на Косово

„Српската премиерка Ана Брнабиќ, во средата изјави дека ИНТЕРПОЛ  ги затворил вратите за Косово.  Таа рече дека добила гаранции од претседателот на Интерпол, Ахмед Насер ал Раиси, дека потенцијалната апликација на Косово за членство во Меѓународната организација за криминална полиција нема да биде на дневен ред за време на неговиот мандат.

Но, во одговорот од ИНТЕРПОЛ велат дека на тој состанок не било разгледано прашањето за каква било потенцијална апликација за членство.“, пренесе  косовскиот медиум Зери.

ПАНОРАМА: Ќе има ли протести пред изборите на 14 мај?

Падот на Рама е алтернатива во секое време. Ова е револуција. Тие што не разбираат грешат. Овој ги има сите алатки на теренот. Кампањата, битката, може да има протести една недела и две недели. Мисијата е да се урне монистички систем, изјави Сали Бериша во интервју за Сури. Нет, пренесе албанскиот медиум Панорама.

ФАКС ВЕБ – СП ја отфрла иницијативата за истражна комисија против Рама за 137 чартер летови

Социјалистите во четвртокот на Конференцијата на претседатели го одбија барањето на пратениците од опозицијата, за парламентарна истрага за трошоците за патувањата со чартер авион на премиерот Еди Рама, како и предупредија на законски измени за формирање истражни комисии, пренесе албанскиот медиум Факс Веб.

ЕПОКА Е РЕ -Историјата ги проколнува оние што газат врз крвта на хероите на нацијата!

„Од 1878 до 1881 година со геноцид е извршено етничкото чистење на Албанците од  Нишкиот санџак  и Топаница. Што остана денес од тие земји, од тие луѓе, каде се и каде останаа? Малкумината што ја избегнаа смртта се некаде низ светот, во Турција, во САД, во Европа, но повеќето од нив не зборуваат албански, не знаат албански, ниту пак се сеќаваат што им се случило.“, извадок од колумната „ Историјата ги проколнува оние што газат врз крвта на хероите на нацијата!“ од универзитетскиот професор Нусрет Плана објавена во косовскиот дневник Епока е Ре.

Д. Тахири / ЦИВИЛ Медиа

Tags: БелградБриселЕУ и САДКурти
Next Post

Ковачевски: Цените на основните производи се намалени до 10 проценти

Најново

Комисијата за култура на СДСМ: Изјавата на Љутков е празен маркетинг за прикривање на хаосот во културата и нападот врз Колективниот договор

May 11, 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

May 11, 2026

Дуа Липа ги тужи Самсунг за 15 милиони долари

May 11, 2026
Фото: МОБ

Македонската опера и балет ги отвори 54. Мајски оперски вечери

May 11, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Изгубени се две години, рокот за дел од Коридор 8 се продолжува најмалку до 2029

May 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk