ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи во Виена на средби со раководните и извршните тела на ОБСЕ: Теренските мисии се круната на Организацијата

January 13, 2023 17:56
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи во својство на претседавач со ОБСЕ, во рамки на последниот ден од посетата на Виена имаше средби со раководните структури на независните институции, извршните тела на Организацијата, шефовите на теренските мисии, како и серија состаноци со специјалните претставници на претседавачот на ОБСЕ.

Како што информира МНР, Османи остварил работна средба со генералниот секретар на ОБСЕ, Хелга Шмид, генералниот секретар на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Роберто Монтела, директорот на ОДИХР, Матео Мекачи, специјалниот претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите, Тереза Рибеиро и високиот комесар за национални малцинства, Каирад Абдракхманов.

-Како претседавач на ОБСЕ, ја преземам одговорноста, но многу добро знаете колку ние се потпираме на вашата важна работа, искуство и совети. Заедно, во духот на заедништвото, ние сме повикани да ја водиме нашата Организација во овие сложени и времиња на предизвици, истакнал на средбата Османи.

Претседавачот со ОБСЕ за 2023 година, Османи одржал работни средби и со шефовите на теренските мисии во Централна Азија и Југоисточна Европа, на кои се дискутирало за некои од најитните и суштински  прашања за работата на ОБСЕ, со посебен фокус на перспективата на теренските мисии, кои се од приоритетно значење за претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ.

-Верувам дека вчера бев многу јасен во моето обраќање до Постојаниот совет, за клучната важност што претседателството на Северна Македонија го придава на теренската работа на ОБСЕ. Теренските мисии со право се дефинирани како „круната на организацијата“. Тие се потврда за тоа што е ОБСЕ, преку кои заеднички ќе докажеме дека можеме и понатаму  да даваме придонес во животите на луѓето преку нашата работа. Прашањето денес е како да продолжиме со активностите во овие времиња на екстремни предизвици низ кои поминуваме, истакнал Османи на средбата со шефовите на теренските мисии на ОБСЕ.

На средбата со шефовите на теренските мисии во Централна Азија, Османи укажал на многуте предизвици за овој регион, а дека не смеат да бидат заборавени ниту последиците од состојбите во Авганистан.

–И покрај тоа што се подобрува регионалната соработка, вооружените инциденти меѓу Таџикистан и Киргистан се алармантни сигнали за кревкоста на севкупната состојба. Ова е, накусо, одговорот зошто нашиот ангажман е значаен. Ќе работиме напорно за да ја промовираме регионалната и меѓу – регионалната соработка и да ја поддржиме имплементацијата на проектите на ОБСЕ, порачал тој.

На средбата со шефовите на мисиите од Југоисточна Европа, Османи се осврнал на можноста за развој на овој регион, кој прави засилени напори за европска интеграција, потенцирајќи дека поддршката за нашата реформска агенда е видлив резултат на ОБСЕ.

-Вие овде ја претставувате најголемата мисија на ОБСЕ, а ние како претседавач имаме намера тесно да соработуваме со вас за да ја зајакнеме регионалната соработка и дополнително да ги унапредиме нашите напори насочени кон реформирање на нашите општества. Ова е и инвестиција во напредокот на нашите општества, нагласил Османи, истакнувајќи дека во фокусот на агендата како претседавач ќе бидат и борбата против корупцијата, промовирање на доброто владеење, но и климатските промени и нивното влијание врз безбедноста.

Меѓу позначајните заклучоци од средбите било и обезбедувањето на поддршка на функционална и флексибилна ОБСЕ, што ќе понуди  разновидни алатки во поддршка на  обновувањето на мирот и безбедноста, спречувањето на конфликти и промовирање на соработка низ регионот на ОБСЕ.

Во рамки на работната агенда, денеска министерот Османи назначил и специјални претставници за важни портфолија во доменот на ОБСЕ, односно: амбасадорот Валиант Ричи, за специјален претставник за борба против трговија со луѓе, амбасадорот Анджеј Касперчик, за специјален претставник за конфликтот поврзан со Минската конференција, амбасадорот Виорел Мошану, специјален претставник за Јужен Кавказ, како и амбасадорот Томас Мајр-Хартинг, специјален претставник за решавање на проблемот Транснистрија.

Во фокусот на дискусијата на овие средби биле различни прашања кои се дел од приоритетите на Организацијата во кризните подрачја, но и за предизвиците кои се наоѓаат пред Северна Македонија чие претседавање со  ОБСЕ, посебно внимание ќе посвети на хуманата димензија и поддршка пред сè на луѓето. 

Извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: европска интеграцијаМНРОБСЕОсмани

НАЈНОВО

Костовски: Владата да одговори дали ќе разговара за примање мигранти

May 21, 2025
Извор: Valérie Batselaere/MSF

Лекари без граници: Дозволената помош за Газа е „завеса од чад“ за да се избегнат обвинувањата за изгладнување

May 21, 2025

(ФОТО) Владиката Пимен се сретнал со папата Лав Четиринаесетти

May 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари се поблиску до ДУИ, но и до СДСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: За час и половина ќе се стигнува до Солун, брзата пруга станува реален проект

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Притворената српска активистка Марија Васиќ се врати дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Случајно пронајдена бистата на Џим Морисон по речиси четири децении

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk