Претседателката на Парламентот на Црна Гора, Данијела Ѓуровиќ ги распиша претседателските избори на 19 март 2023 година.
Согласно црногорскиот Устав, претседателката на Парламентот е должна да распише избори претседателски избори најдоцна 120 дена пред завршување на мандатот на актуелниот шеф на државата.
По објавувањето на конечните резултати од изборите 2018 година, актуелниот мандат на претседателот на Црна Гора започна со полагање заклетва пред пратениците во Собранието на Црна Гора на 20 мај 2018 година, па така последниот ден од рокот за распишување на изборите е 19 јануари 2023 година.
Имајќи предвид дека во април се големи верски празник за сите три најбројни конфесии во Црна Гора, беше оценето дека најсоодветен и адекватен датум за одржување на изборите ќе биде 19 март 2023 година, се наведува во соопштението на црногорскиот Парламент.
Извор: МИА