Обидот за влез на Алијансата на Албанците во Владата, претседателот на ДУИ Али Ахмети го објаснува со проширување на мнозинство и создавање на алијанса за Европа.
-Мислам дека парламентарното мнозинство е стабилно, но има еден поопширен и поперспективен пристап, значи да се прошири тоа мнозинство и да се создаде една алијанса за Европа, изјави денеска Ахмети.
Прашан стабилноста на парламентарното мнозинство во контекст на огнената група и пратениците од ДУИ, Амети вели дека тоа (разговорите со АА) нема никаква врска со огнената група.
Синоќа во интервју за ТВ 21 претседателот на АА Арбен Таравари изјави дека постои можност Алијанса за Албанците да стане дел од Владата, а ако тоа не се случи треба да се оди на избори.
Таравари остава простор за две опции, едната како што вели, по сугестија на меѓународниот фактор дека не е време за избори и дека за прогресот на државата важни се уставните измени, и доколку тоа го бара членството на АА тогаш веројатно ќе станат дел од Владата.
Друга опција, според него, е да се оди веднаш на избори.
– Постои можност за влез во Владата. Конкретна понуда нема, но ние сме во постојана комуникација. Гледате како е во Собранието. Мислам дека сме 60-60. Собранието не може да создаде мнозинство без помош на Алијансата. Ако не станеме дел од Владата, тогаш одиме на избори. Нема друго решение. Сепак, приоритет за нас се уставните измени и затоа сме спремни да станеме дел од Владата за да го помогнеме процесот, рече Таравари.