ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Планиран атентат врз Абдиџику, Вокер раскажува за масакрот во Речак

January 19, 2023 12:11
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во косовските медиуми денеска фокусот е на планираниот атентат врз претседателот на Демократскиот сојуз на Косово, Лумир Абдиџику и неколку пратеници од истата партија, опширното интервју на албанската ТВ Клан со поранешниот амбасадор на ОБСЕ за Косово, Вилијам Вокер, во кое открива детали за неговото искуство со масакрот во Речак, и севкупниот третман врз него. Ова е само дел од темите од албанските медиуми во регионот,  што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги избра за денешното издание на АЛ-Прес.

ГАЗЕТА ЕКСПРЕС –Планиран атентат врз Лумир Абдиџику и пратеници на ЛДК

Газета Експрес од доверливи извори дозна и  објави за планиран  обид за атентат врз претседателот на ЛДК (Демократски сојуз на Косово), Лумир Абдиџику и неколку пратеници на партијата.  Еден од пратениците, чие име се споменува како цел на можниот напад, дал изјава синоќа во една од полициските станици во Приштина. Од косовската полиција потврдија дека постапуваат со случајот, пренесе косовскиот медиум Газета Експрес.

ТВ КЛАН: Вилијам Вокер раскажува за масакрот во Речак

„Кога се вратив во Вашингтон, никој не ме праша за Речак. 24 години подоцна сè, уште не ме прашале. Ниту Стејт департментот ниту Белата куќа. Бев блиску до пензија. Медлин Олбрајт тогаш ми кажа: Ако правиш добро дело во Косово, не грижи се, ќе ти најдеме добро место за да ја завршиш кариерата на пријатна задача. Наместо тоа, се пензионирав два месеци подоцна.“, вели меѓу другото поранешниот амбасадор на ОБСЕ за Косово, Вилијам Вокер, во интервју за ТВ Клан.

НИСТОРИ-  Албански јазик/ Голем број институции не го почитуваат законот за јазици

„Државниот инспекторат за спроведување на Законот за употреба на јазиците има само 6 лиценцирани инспектори, а  нема ниту едно одобрение за вработување во 2023 година. Досега инспекциски надзор е извршен во 120 институции, но иако се констатирани  пропусти ,нема  ниту една санкција. Како што информираат од Инспекторатот, институциите бараат одложување на рокот оправдувајќи го големиот обем на работа и малиот број на преведувачи.“, пишува во анализата на порталот Нистори.

ПАНОРАМА: Албанија, каде што апсурдот е реалност

„Доколку, (да го кажеме фаталниот збор )- Албанија умре, тогаш можеме без клевета да ги напишеме овие зборови на нејзиниот надгробен споменик: Ја подигнаа идеалисти, се спасија случајно, ја убија политичарите…!“. Коница, кој несомнено остана во ќор-сокакот на политиката, па дури и грд, лојално служејќи му на монархот, кој толку многу го анатемисуваше, често го  велеше ова во негово време.“, извадок од колумната „Албанија, каде што апсурдот е реалност“, од Бен Андони, објавена во албанскиот медиум Панорама.

ЕПОКА Е РЕ: Тузи е најпосебниот  случај во сите наши етнички предели

„Албанците  планинци низ историјата биле доминантно население, ако не и апсолутно мнозинство во тие простори. Но, денес имаме поинаква демографска карта. Локалните планинци  се популација на жртви, создадена од зголемувањето на бројот на странци, неалбанци.

Ако постои  некој албански политички елемент кој не е повреден од оваа реалност, тогаш имаме работа со феноменот на предавство.“, извадок од анализата на Ѓоке Гојчај „Тузи е најпосебниот случај во сите наши етнички предели“, објавена во медиумот Епока е Ре.

Д. Тахири / ЦИВИЛ Медиа

Tags: АбдиџикуАлбански медиумиВокерГАЗЕТА ЕКСПРЕСЛДКЛумир Абдиџику
Next Post
ЕСМ. Фото: Фронтлајн

Производството на АД ЕСМ целосно ги задоволува со струја домаќинствата, малите потрошувачи и дополнителните снабдувања

Shortcut

Најново

Европска централна банка (фото: Wikipedia)

ЦИВИЛ Медиа анализа: Каматите не ги диктира само Франкфурт, поскапувањето на кредитите не е автоматско

September 14, 2026

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

September 14, 2026

СДСМ бара истрага од Обвинителството: Каде завршија 5,5 милиони евра од лотаријата за прославата со Дејвид Гета?

September 14, 2026

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk