ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Ковачевски во Курбиново: Црквата „Св. Ѓорѓи“ е на пат да се најде на листата на УНЕСКО

January 20, 2023 15:34
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше во посета на ресенското село Курбиново, каде што се наоѓа еден од најзначајните споменици на културата, манастирската црква „Св. Ѓорѓи“, позната по најстарото сочувано ѕидно сликарство и несекојдневен пример на византиската уметност од крајот на XII век. Тој додаде дека во ова место се реализирани неколку проекти за заштита и конзервација со што активно се работи на зачувување на културното богатство.

„Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново е веќе впишана на тентативната листа на УНЕСКО, што е прв чекор во процесот на впишувањето на едно добро на Листата на УНЕСКО на светско наследство. Ќе завршам со еден од најголемите борци за признавањето на македонскиот јазик, Крсте Петков Мисирков, кој вели: „За среќа, има македонска национална култура и историја и тој факт го вооружува македонскиот народ, со непобедливо оружје во неговата борба за човечки права и за слободен национален живот, како рамноправен член во бројот на културните народи“, рече Ковачевски.

Според премиерот, визиите на Мисирков и на Конески ги остварува денешната генерација, со огромни заложби на Владата.

„Сакам на крај да изразам огромна благодарност до министерката за култура, до нејзините колеги во министерството, до раководителите во ова училиште кој ќе работат на неговата комплетна реконструкција. Сакам да се заблагодарам и на невладините организации кои што во текот на изминатите години и децении постојано го промовираа овој крај и неговото значење за македонскиот јазик. Исто така и на поединци кои се наши општествени работници, дел од нив и медиумски работници кои што исто така не оставија да ова училиште биде оставено на забот на времето а Владата потврдува преку веќе одобрениот проект и одобрените средства дека ова руинирано училиште ќе стане еден од најзначајните споменици на македонскиот јазик и воопшто на нашата култура и идентитет“, нагласи Ковачевски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Димитар КовачевскиКурбиновоУНЕСКО

НАЈНОВО

Претставата „Рацин“ на велешкиот театар е забележителен, нов сценско – музички перформанс, МТФ „Војдан Чернодрински“ вечер ја завршува програмата

June 12, 2025

Мицкоски за коментарите за селективна правда за Кочани: Директно сум нападнат од овие некрофили, а јас молчам

June 12, 2025
Фото: МИА

Не помина во Собранието предлог законот за една изборна единица со отворени листи предложен од Зајкова

June 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО снимки од авионот на Ер Индија што се урна со повеќе од 240 патници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради пожарот во Вардариште без струја 47.000 корисници во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk