Германската државна развојна банка KfW го идентификува постојаниот недостиг на квалификувани работници и падот на продуктивноста на трудот како сериозна закана за просперитетот на Германија, јави ДПА.
– Нивото на благосостојба во Германија практично се зголеми во изминатите 70 години, но доаѓа крајот на овие времиња, бидејќи основата за нејзиниот понатамошен раст пропаѓа, е заклучокот на KFW, врз основа на студија цитирана од „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
– Комбинацијата на долгорочен пад на бројот на вработени на домашниот пазар на труд и слаб раст на продуктивноста претставува единствен предизвик со кој се соочуваме за прв пат во повоениот период, нагласува главниот економист на Банката, Фрици Келер-Габе.
Во извештајот се наведува дека за да не се оствари мрачната прогноза, германскиот пазар на труд мора да се стимулира со имиграција и со дополнителни мерки.
Дополнително, мора да се зголеми продуктивноста на трудот, на пример со намалување на бирократијата и со промовирање на иновациите, заклучија експертите на KFW