ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Веќе не ги враќаме парите назад кон ЕУ, Македонија стана лидер по искористеност на ИПАРД средствата

January 23, 2023 13:32
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Премиерот Димитар Ковачевски, за време на посетата на компанијата „Метро“, истакна дека Владата што ја предводи многу сериозно пристапила кон ИПАРД Програмата.

-Така е затоа што веруваме во потенцијалот на земјоделците, затоа што за нас секоја педа од државата е подеднакво важна да се развива, затоа што секој граѓанин без разлика дали живее во урбана или рурална средина заслужува подеднаква можност за квалитетен живот, рече Ковачевски.

Тој додаде дека од земја која не ги искористуваше парите од европските фондови и ги враќаше назад во ЕУ, Македонија е сега земја лидер по искористувањето на средствата од ИПАРД Програмата.

-Кој било град или село да го посетите скоро секаде ќе наидете на табла дека некој проект е реализиран со помош и средства од ИПАРД. За нас е многу важно што сето тоа го гледаат нашите пријатели од меѓународната заедница, ја добиваме нивната поддршка кон градење на економски силна и профитабилна земја, конкурентна на меѓународен план. Успешната релизација на ИПАРД 2 Програмата ни донесе уште повеќе пари,  Европската Комисија донесе одлука за зголемување на срествата наменети за Северна Македонија за 62% со новата ИПАРД 3 програма. Во ИПАРД 2 Програмата ЕУ за Северна Македонија издвои 60 милиони евра, за ИПАРД 3 Европската Унија на нашата земја издвои 97 милиони евра. Тоа се неповратни пари, тоа не е задолжување на нашите граѓани, тие пари на ЕУ не треба да и ги вратиме, кажа Ковачевски.

Премиерот истакна дека овие средства ќе се насочат кон примарното земјоделско производство, преработка на земјоделски производи, развој на различни деловни активности поврзани со овој сектор во рурални средини, како инвестиции за производство на прехранбени производи, инвестиции за текстил, преработка на дрво, дестилари, изградба на хотели, градинки, домови за стари лица итн.

-Заедно со кофинансирањето од државата и апликантите вкупната вредност на програмата ИПАРД 3 достигнува 210 милиони евра, средства наменети за инвестиции во следните 7 години. За уште поголем интерес и реализација на новата ИПАРД 3 програма предвидуваме и можност за авансна исплата до 50% од финасиската поддршка преку ИПАРД 3 програмата, заклучи Ковачевски.

Tags: „Метро“Димитар КовачевскиЕУИПАРД
Next Post

Д-р Даниловски: Лага е веста дека на сите заразени лица со „Кракен“ на крајот им е потребна хоспитализација

НАЈНОВО

Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025

Николоски: Cелосна реконструкција на железничката линија од Скопје до Кичевo, обезбедени 5,3 милиони евра грант, државата го добила и случајот „Казандол“

August 19, 2025

Сапорт Кочани: Над 4,5 милиони денари обезбедени за засегнатите лица во трагедијата во Кочани

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скирншот, АП

    (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk