ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: МВР ќе обезбеди достоинствено чествување на роденденот на Гоце Делчев

January 26, 2023 13:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Ја уверувам македонската јавност дека Министерството за внатрешни работи ќе направи се согласно сите закони, согласно Устав чествувањето на 4 февруари – роденденот на Гоце Делчев, да биде на достоинствен и мирен начин и ќе биде гарантирана безбедноста на сите граѓани во државата, нагласи премиерот Димитар Ковачевски од собраниската говорница одговарајќи на прашање од пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница.

Одговарајќи на прашањето дали Владата согласно членот 11 од Законот за странци ја разгледувала препораката за прогласување на персона нон грата на неколку државјани на Република Бугарија, премирот рече дека во државата на странец кој има намера да присуствува до 90 дена во државата или во било кој период до 180 дена, може да му се забрана за влез во земјата доколку е лице за кое во системот за контрола на патници е издадено предурпедување за забрана за влез доколку претставува закана за јавниот поредок, националната безбедност, меѓународни односи на државата или закана за јавното здравје.

– Согласно извештаите и анализите кои ги имаат безбедносните служби и кои ги има МВР, на денот на одбележувањето и во деновите пред тоа, МВР ќе постапи согласно информациите и податоците кои ги има од свои извори и нормално од службите и согласно со заклучуокот на Владата, МВР да биде задолжено да обезбеди мирно и достоинствено одбележување на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, посочи Ковачевски.

Настанот, како што рече, е карактеризиран како настан од висок ризик во однос на изјавите кои доаѓаат и од внатре и од надвор и согласно тоа МВР, додаде, е задолжено согласно своите процедури и закон да организира мирно чествување и за таа цел МВР веќе ги презема потребните активности.

– Во однос на случувањата кои ја окупираат јавноста по настанот во Охрид и реториката после тоа, тоа што можам да кажам е дека во Северна Македонија не постои антибугарска омраза и хистерија како што некој сака да презентира. За последните инцидтенти и сите останати има одговорни лица, тоа се акти на поединци и не може цела држава и нација да се обвини за постапка на неколкумиона поединци. Северна Македонија ги презема сите дејствија согласно Устав, закони и процедури во надлежните министрства и органи кои не се дел од Владата и продолжува да биде констурктивен партнер во регионот и во ЕУ, нагласи Ковачевски.

Tags: Антонио МилошоскиГоце ДелчевДимитар КовачевскиМВР
Next Post

Монографија од Борјан Јовановски „Кодот на Преспа“, приказна за „загубениот пат“

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk