ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Албанија 300 полицајци под истрага, 10 прашалници за досието „Мекгонигал“, Курти се справува со грешките на претходниците

January 30, 2023 11:35
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија во текот на изминатата година се уапсени 168 полицајци, а за 300 обвинителството отворило истраги, аферата Мекгонигал под лупата на аналитичарите, Курти со тешка задача – да ги исправи грешките од минатите влади… Ова се дел од темите на изборот на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

ТОП ЧАНЕЛ: 300 полицајци под истрага на обвинителството

„Во текот на изминатата година уапсени се 168 полицајци, а над 300 други се под истрага на обвинителството.

Најфлагрантен случај кој покажа инкриминација на дел од полицијата е апсењето на оперативниот службеник Јетон Лами, обвинет дека му помагал на толку бараниот Ервис Мартинај, чија судбина се уште останува мистерија.“, пренесе албанскиот медиум Топ Чанел.

ЈАВА ЊУЗ: 10 прашалници за  досието „Мекгонигал и Албанија“

„Пред речиси една недела изби скандал од големи размери во кој е вмешан поранешниот шеф на контраразузнавањето на ФБИ, Чарлс Мекгонигал и неговите афери со неколку албански личности. По апсењето, тој официјално беше обвинет за перење пари, давање лажни изјави, кршење на санкциите против Русија, фаворизирање на олигархот Олег Дерипаска, кого имал задача да го истражи, добил 225.000 долари од поранешниот агент на ШИШ Агрон Неза и работел за интересите на оваа личност.

Во досието стои и името на албанскиот премиер Еди Рама кој бил пријател со Чарлс Мекгонигал.

Има најмалку 10 прашања кои бараат одговори за со факти да се разјасни позицијата на премиерот во целата оваа приказна.“, пишува меѓу другото во анализата „10 прашалници за  досието „Мекгонигал и Албанија“ од Роланд Ќафоку, објавена во албанскиот дневник Јава Њуз.

БОТА СОТ: Аналитичарите: Курти се обидува да ги исправи грешките на минатите влади

„Погледнете ја Босна денес, држава само на хартија, ова е целта на Србија и во Косово. Јас лично сум против какво било здружување, но тоа се случи со минатите поранешни владетели и Курти се труди максимално да ги избегне, иако е многу тешко да ги поништи. Како и да е, признанието треба да биде на прво место“, вели меѓу другото аналитичарот  Фатон Мехмети за „Бота сот“.

РЕПОРТЕРИ: Шоле и Ескобар: Време е за формирање на Здружението

„Во авторски текст на Дерек Шолет, советник на Стејт департментот на САД и Габриел Ескобар, специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, тие повторно повикаа на формирање на Заедница на општини со српско мнозинство.

Шоле и Ескобар, исто така, рекоа дека една од најважните цели на Америка на Западен Балкан е да помогне во создавањето услови „за здрави, мирни и стабилни односи меѓу Србија и Косово“, се вели во текстот што го пренесе медиумот Репортери.

ПАНОРАМА: Почит за Дебраните  кои ги штителе и засолниле Евреите

„Албанците немаат проблеми со историската свест, не само со Евреите, туку и со соседите, дури и со оние кои ги држеле под окупација. Албанската национална идеологија не докажува ниту еден случај дека е подигната на штета на другиот. Затоа Ш. Синани смета дека е потребно тука да го евоцира, а не да се фали, бидејќи ниту еден Албанец не се однесувал хумано со Евреите за да стекне чест, а тука спаѓаат и Ндреѓоните од  Дебар.“, извадок од анализата „Почит за Дебраните  кои ги штителе и засолниле Евреите“, од  Халил Рама објавена во дневникот Панорама.

Д. Тахири / ЦИВИЛ Медиа

Tags: КосовоСрбијаЦИВИЛ Медиа
Next Post

Ковачевски: За 12 месеци Владата одржа 121 владина седница, плус 73 од вообичаеното

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk