ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Ќе се инвестира во нов гасовод со Грција и уште еден со Бугарија

January 31, 2023 12:05
in PMD, ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

„Сите влади работат во специфични услови зашто мора да се менаџира недостатокот на електрична енергија и високите цени“, кажа премиерот Димитар Ковачевски на годишната конференција „Година на нови можности“.

Тој потенцира дека не треба да се дозволи ценовен шок за граѓаните и од друга страна треба да се искористи кризата како можност, односно да се направат инвестиции коишто нема да дозволат во иднина да се случуваат вакви потреси на енергетскиот пазар.

„За првата цел, Владата минатата година одвои 760 милиони евра што е најголем пакет антикризни мерки во регионот, според Светска банка. Успеавме и да ја субвенционираме цената на електричната енергија до 80 проценти. Да не беше таа субвенција цената за 600 илјади доаќинства ќе беше пет пати повисока, а до трипати повисока за малите потрошувачи коишто се на регулираниот пазар. Од тој аспект кризата беше добро менаџирана, бидејќи ценовен шок нема и нема да има“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека се инвестира во моментов во диверсификација на енергенсите во државата.

„Ние во моментов имаме само една точка на снабдување со гас, а тоа е преку Република Бугарија. Се работи на инвестиција на нов гасовод со Грција и уште еден гасовод со Бугарија, како и потенцијални гасоводи со Република Албанија. Тоа овозможува базната енергија која доминантно се произведува од јаглен да може да размислуваме за гасни централи“, рече Ковачевски.

Тој кажа дека засилено се преговара со заинтересираниот инвеститор за Чебрене, што би произведувал базна енергија. Премиерот додаде дека се инвестира и во дистрибутивна мрежа и поврзувањето со земјите од регионот.

Tags: Година на нови можностиелектрична енергијанов гасовод
Next Post

Малата риба

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk