„Граѓаните ја препознаваат безбедноста како секојдневие и веруваат во системот кој обезбедува стабилност и е столб на владеењето на правото и развојот. Во последните неколку години имаме нова безбедносна слика и променет безбедносен сектор“ рече деканот на Факултетот за безбедност, професор Никола Дујовски, на годишната конференција „Година на нови можности“.
Тој додаде дека анализирани се сите проблеми во нивната суштина и поголем дел се надминати.
„Активното работење за безбедноста во сообраќајот резултира со сериозно намалување на бројките за штети, загуби и човечки жртви. Со заеднички и интегриран пристап може да покажеме дека вреди да се работи за да се штити човечкиот живот и 2022 година е веројатно годината со најголеми успеси на овој план“ рече Дујовски.
Деканот на Факултетот за безбедност ги пофали институциите и рече дека тие се подготвени со целиот свој капацитет да ги водат преговорите за членство во ЕУ.