ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МПС ги повика членовите на 4 февруари доследно да ги извршуваат задачите, а политичките партии да не ги заплашуваат вработените во безбедносните служби

February 3, 2023 10:56
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за Разузнавање, Агенцијата за Национална безбедност и Управата за финансиска полиција во пресрет на чествувањето на 4 Февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, во пишаното обраќање го повикува своето членство доследно да ги извршуваат своите работни задачи согласно законската регулатива на Република Северна Македонија.

„Да не се ставате во функција на политичките партии и други групации заради вршење на кривични дела и прекршоци, да не го нарушувате угледот на институцијата во која работите и да се воздржите од какви било провокации на активисти на политичките партии и други групации“, се наведува во соопштението од Македонскиот полициски синдикат.

Само со професионален пристап и професионално работење, се посочува, ќе се подобри интегритетот на вработените во безбедносните служби и ќе се зајакне довербата на граѓаните што тие ја имаат како за вработените во Министерството за внатрешни работи, така и за вработените во Агенцијата за Разузнавање, Агенцијата за Национална безбедност и Управата за Финасиска полиција.

„Безбедносните служби мораат да бидат надвор од партиските или било какви други влијанија, затоа што само деполитизирани безбедносни служби можат да гарантираат безбедност, правна држава и непристрасно спроведување на законите за сите“, се вели меѓу другото во соопштението.

Од МПС ги повикуваат и политичките партии и нивните локални претставници, како и сите други радикални групации да не ги заплашуваат нивните членови и воопшто сите вработени во безбедносните служби, бидејќи, како што стои, времето на закани и уцени е едно минато време и никој повеќе не може да ги заплашува претставниците на синдикатот и безбедносните служби.

Од МПС ги охрабруваат сите нивни членови да ги пријават сите вербални притисоци врз нив, и да не потклекнуваат на било какви притисоци од било кого.

 

Tags: Македонски полициски синдикатпрофесионален пристап
Next Post

Рисимкин со „Леди Магбет“ во програмата на Верона фестивалот во Италија

Shortcut

Најново

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

ЦИВИЛ Медиа анализа: Каматите не ги диктира само Франкфурт, поскапувањето на кредитите не е автоматско

September 14, 2026

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

September 14, 2026

СДСМ бара истрага од Обвинителството: Каде завршија 5,5 милиони евра од лотаријата за прославата со Дејвид Гета?

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk