ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нобеловката Ебади: Во Иран е почнат револуционерен процес кој ќе доведе до уривање на верскиот естаблишмент

February 3, 2023 12:10
in ДЕНЕС, СВЕТ

Иранската адвокатка, добитничка на Нобеловата награда за мир, Ширин Ебади, оцени дека смртта на младата Курдка во притвор го поттикнала неповратниот „револуционерен процес“ кој на крајот треба да ја урне Исламската Република. Иранските верски власти се соочуваат со немири од големи размери откако Махса Амини почина во притворот на полицијата за морал на 16 септември, откако беше приведена поради „неправилно носење хиџаб“ (шамија што ја покрива косата).

Иранските власти тврдат дека нејзината смрт била предизвикана од претходни медицински состојби, а не од тепање, и ги обвинуваат САД и другите непријатели на Иран дека поттикнуваат немири за да го дестабилизираат верскиот естаблишмент.

Властите сурово се справуваат со немирите и им изрекоа десетици смртни казни на учесниците на протестот и досега извршија најмалку четири егзекуции со цел да го заплашат народот и да го одвратат од протести на улица, истакнуваат активистите за човекови права.

Жестоката критичарка на иранското верско раководство, кое владее со земјата од формирањето на Исламската Република во 1979 година, Ебади е еден од најистакнатите поборници на антивладините протести. Таа верува дека сегашниот бран протести е еден од најголемите предизвици досега за иранската влада.

Овој револуционерен процес е како воз кој нема да застане до крајната дестинација, рече Ебади, која во 2003 година ја доби Нобеловата награда за мир за својата работа во одбрана на човековите права и живее во егзил во Лондон од 2009 година.

Групата за човекови права ХРАНА во средата објави дека во протестите досега се убиени 527 лица, меѓу кои 71 малолетно лице и 70 припадници на безбедносните сили. Се верува дека 19.262 демонстранти се во затвор. Ебади, зборувајќи во телефонско интервју од Лондон, рече дека насилството на властите врз демонстрантите го продлабочи гневот кај обичните Иранци против верското раководство поради тоа што не покажа емпатија за жртвите.

„Протестите добија поинаква форма, но не престанаа, изјави Ебади за Ројтерс, пренесува Хина.„Со зголемената економска беда предизвикана главно од американските санкции врз Иран поради неговиот наводен развој на нуклеарно оружје, многу Иранци ги трпат последиците од галопирачката инфлација и зголемената невработеност. За да го принуди верското раководство да ја напушти власта, Западот треба да преземе „практични чекори“, како што е намалување на политичките врски преку повлекување на своите амбасадори од Техеран и да не склучуваат никаков договор со Исламската Република, вклучително и нуклеарниот“, според Ебади.

 

Tags: ИранМахса АминиШирин Ебади
Next Post

(ВИДЕО) Османи повикува на достоинствено и мирно чествување на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

НАЈНОВО

AI generated image

OpenAI и Google предупредуваат дека AGI ќе ја „уништи“ средната класа

September 1, 2025
Скриншот

Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

September 1, 2025

Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk