Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигна во Велика Британија каде се сретна со премиерот Риши Сунак.
„Добредојдовте во Велика Британија, претседателе Зеленски“, напиша на твитер шефот на Владата на Велика Британија, Риши Сунак, објавувајќи заедничка фотографија.
Како што објавивме претходно, претседателот Володимир Зеленски денеска пристигна во Велика Британија за да се сретне со премиерот Риши Сунак и да се обрати во британскиот парламент.
Претседателот и неговиот тим ќе се сретнат и со началниците на одбраната и безбедноста, вклучително и началникот на штабот за одбрана и началникот на воздушниот штаб, за да разговараат за деталите од програмата за обука на украинската војска.
Welcome to the UK, President @ZelenskyyUa.
???? #SlavaUkraini pic.twitter.com/rMoBTC3ken
— Rishi Sunak (@RishiSunak) February 8, 2023
Ова е прва посета на Зеленски на Велика Британија по целосната инвазија на Русија на Украина во февруари минатата година.
А. Р.