Од голема важност е безусловната подготвеност на американската администрација да ги преземе сите неопходни чекори за нашата држава што поскоро да ги заврши преговорите со ЕУ, бидејќи тоа е стратешки интерес на САД. Ова го соопшти владеачката СДСМ преку своето партиско соопштение до медиумите, во врска со стратешкото партнерство на земјава со САД.
Дијалогот со САД ги опфаќа и актуелните безбедносни состојби, како и соработката на двете земји како НАТО партнери.
„Со усвоениот План на активности поврзани со стратешкиот дијалог со САД се отвора ново поглавје во односите, со што се надградува досегашна соработка, партнерство и заложби за безбедност, слобода и демократски просперитет, почитување на правото, борба со корупција и криминал и другите закани по мирот ширум светот. Зајакнувањето на билатералните односи со САД значат модерни закони, безусловно независна борба против корупцијата и криминалот, праведно и правично правосудство, правна и економска безбедност на нашата држава“, стои во соопштението.